Повик од 1935 година до Македонците!

1935, Софија

Обласниот комитет на ВМРО (Обединета) во Бугарија издава повик до Македонците за борба против асимилацијата на македонскиот народ во трите дела на поделена Македонија.

ПОВИК

Браќа Македонци,
Грчките шовинисти нè нарекуваат „Словеногласни Елини", а српските - „вистински Срби“.
Зошто? -Тоа е јасно: за да го оправдаат своето владеење и завојувачките стремежи спрема Македонија.
На ист начин постапуваат и бугарските шовинисти. Тие ја користат словенската блискост меѓу Македонците и Бугарите и нè прогласуваат нас Македонците за „неразделен дел од бугарската нација“.
Бугарските империјалисти секогаш се стремеле да ја завладеат и поробат Македонија, а не да ја ослободат. Доказ е нашиот поробен крај. Зар за ваква „слобода“, каква што постои во Петричко, се боревме и се бориме ние?
Работни Македонци,
Ние треба да изјавиме за да чујат сите, дека не сме ниту Срби, ни Грци, ни Бугари. Ние сме Македонци, самостојна македонска нација. Само така најдобро ќе ја браниме самостојноста на нашето движење и нашето право на независна македонска држава.
Поробувачите од Белград, Атина и Софија ја кријат и ја замаглуваат оваа вистина, за да не претопат и да го овековечат своето владеење над Македонија. Македонските чорбации се исто така во нивна поткрепа. Тие станаа србомани, бугаромани и гркомани, бидејќи заедно со империјалистите и тие го ограбуваат и угнетуваат работното македонско население.
Работни Македонци и вие македонски народни интелектуалци што се борите за национално и економско ослободување! Борете се против асимилаторите од Белград, Софија и Атина! Да извикаме високо дека ние не сакаме да се правиме Срби, Грци или Бугари. Да викнеме како трн во очите на поробувачите дека сме ние Македонци и како Македонци сакаме да си имаме своја, македонска држава.

Областен комитет на ВМРО(Об.)
во Македонија под бугарска власт

Историска вистина...79-80 ВМРО (обединета), кн. II. Скопје, ИНИ, 1991, 347-348.

2 comments:

Anonymous said...

This is not an original document,but copy from new book. Can you show the original???

Anonymous said...

The scan is from a book, and that was not kept a secret:

„Историска вистина...79-80 ВМРО (обединета), кн. II. Скопје, ИНИ, 1991, 347-348.“

For the original document contact the Institut for National History of Macedonia (Институт за национална историја на Македонина - ИНИ).