April 2, 2012

2. Написи од романскиот весник „Adeverul“ за Илинденското востание

ДВА НАПИСА HA РОМАНСКИОТ ВЕСНИК „ADEVERUL“ ОД 1903 ГОДИНА ЗА НАСТАНИТЕ ВО ВРЕМЕТО НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ 2. дел

Горѓе Миљковиќ

Вторник, 12 август 1903. Год XVI. бр. 5041. Букурешт.

МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИЈА Специјален дописник на „Adeverul" Софија, 9 август.
Странските конзули во Солун од револуционерниот комитет го примија следното циркуларно писмо:

Врв Победоносец (13), 30. VII. бр. 367 До преставниците на големите сили. Задолжени да раководиме од нашите другари и од народот со револуционерното движење во битолскиот вилает, сметаме за должност да Ви го ставиме до знаење следново. Турската влада, немоќна да ги уништи нашите револуционерни сили, им наредила на своите војски на најварварски начин да го задушат движењето преку постојани плачкосувања и палење на христијанските села и убивање и со обесчестување на жените и на децата. Изгорени се следните села: во Ресенска околија на 12. ов. м. селата Леорека и Круша, а на 24 селото Боило; во Охридска околија од 21 до 25 ов. м. селата: Оздолени, Лешани, Сирула, Ташморуништа. Ботун, Црвена Вода и манастирот Св. Јован. Во Демир-Хисар запален е дел од селото Смилево и од Загоричево. Сите овие села прво беа ограбени, а потоа запалени. Доколку незаштитените жени и деца не беа побегнале во планина сигурно ќе беа убиени. Дека така ќе се случеше го докажуваат следните факти: во Смилево турската војска нашла една жена, којашто не можела да побегне и ја убиле. Во селото Сурила (Охридско) една жена и една девојка, што не успеале да побегнат, биле искасапени. Co сигурност дознавме дека и во другите села во околијата биле запалени, но за тоа ќе ви јавиме кога ќе добиеме точни информации. Да повториме уште еднаш дека сите гореспоменатите села се запалени, некои само од војската, а некои и од башибозуците.

Јавувајќи ви го ова господине, ако досега успеавме да го спречиме христијанското население од вилаетот од акција против турските села, како онаа на војската и на башибозуците против христијаните, во иднина тоа не ќе ни биде возможно. За се ова што ќе се случи во иднина одговорност ќе сноси турската влада која што им наредува на своите редовни војски и на башибозуците слични наребди.

Господине, примите ја нашата искрена почит.
Од Главниот револуционерен штаб.

Писмото има печат на кого пишува: „Револуционерен македонски комитет — Пелистер“, а во средината „Смрт или слобода“. По еден примерок од писмото е испратено до владите.

Патници дојдени од Дебар раскажуваат дека Турците и Албанците ги поседнале сите патишта и дека не е возможно повеќе да се патува.

На 30 јули Турците нападнале еден карван со стока на бегот Теофил, којшто се движел од Скопје кон Дебар. Сопственикот на караванот бил убиен заедно со сите негови придружници; стоката им била одземена, а коњите продадени по селата.

Неколку села од оваа околија што се беа дигнале во почетокот на револуцијата, по ветувањата го предале оружјето, но на 30, 31 јули и на 1 август биле нападнати од Албанци дојдени од Лима (14).

Банди од Албанци од по 100 души се движат по Кичевско и Прилепско.
Според приватни информации што ги примил комитетот во Софија, се избројуваат запалените села и тоа:

— во Охридско се уништени 15 села;
— во Леринско, селата: Бух, Раково и Битуше;
— во Ресенско, селата: Лева Река и Круше.
— во Раково 200 жени отишле во Битола и му се жалиле на конзулот заради тоа што мажите им биле убиени, а селото Плачкосано од башибозуците.

Во Скопје близу до селото Соње дошло до судир помеѓу востаници и војската. Борбата се водела цел ден. Востаниците биле одбиени, а селото запалено. Исто така во Ветер една друга група востаници била принудена да се засолни во црквата од каде што продолжиле да се борат. Познато е дека една друга група востаници од селото Зелениково им притекнала на помош.
Селото Кономлади (Леринско) речиси целото е уништено од борбите што се воделе помеѓу турската војска и востаниците.
Зад селото Лешани дошло до Судир, но без поголеми последици.
Близу до Струмица, исто така дошло до судир помеѓу Турците и неколку востаници. Убиени немало, a ранети имало малку. Востаниците се повлекле.
Група востаници на Горѓи Сугаре (15) ја нападнале турската војска близу до селото Зрзе (Прилепско).

Македонскиот револуционерен комитет испратил циркуларно писмо до истакнати Турци во востаничките вилаети, со следната содржина:

„Почитувани господине!
Македонско-адријанополскиот централен револуционерен комитет решил да води борба за едно похумано и поправедно општество, за ослободување од денешното, коешто е тешко колку за христијаните толку исто и за муслиманите. Борбата е започната, а комитетот смета за своја должност да се обрне до Турците во земјата и да ги покани на своите браќа да им јават дека не треба да гледаат со лоши очи на револуцијата, Бидејќи востаниците ниту малку нема да дозволат мирното муслиманско население да дојде во опасност, доколку биде воздржано и не е против нас. Доставувајќи го ова до знаење, ве покануваме да ги советувате вашите браќа Турци, кои и по револуцијата ќе останат да живеат заедно со нас, и ќе се радуваат на придобивките на борбата.

Дамјан Груев, Борис Сарафов"

Поцелосно расветлување на пишувањето на романскиот печат за настаните од времето на Илинденското востание, откривањето на досега непознати весници за нас, секако би требало да биде предмет на обемна работа и тоа бара системно истражување, па во таа насока се насочени намошните истражувања.

12 Ова писмо го има објавено весникот „Нови Србобран", бр. 185 од 18 август 1903 (види Љубен Лапе, Одбрани текстови за историјата На македонскиот народ, II дел, Скопје 1965, стр. 275—276). Ние го поместуваме овдека бидејќи дописката ја даваме во целост и заради 13 Врвот Победоносец се наоѓа над селото Смилево (Битолско). На ова место Главниот штаб на Битолскиот округ на 26 јули 1903 година донесол решение за објавување на востанието, чиј почеток бил одреден за 2 август — Илинден (Историја на македонскиот народ, книга втора, Скопје, 1969, стр. 234).
14 Во оригиналот пишува Liama.
15 Горѓи Сугаре е роден во Битола 1876 година. Како војвода на една востаничка чета и член на окружниот комитет загинал 1905 година.

No comments: