Македонско-руската врска

При посетата на Охрид во април минатата година, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави:

"Многу ми е пријатно во ова место каде што има една посебна енергија и каде буквално секој камен мириса на историја. Тоа уште еднаш ја потврдува духовната и историска блискост меѓу нашите народи."

Некои оваа поврзаност меѓу рускиот и македонскиот народ за која Лавров зборува, би ја протолкувале како резултат на преселбата на Словените од зад Карпатите на овие простори, и преку тоа на нивното општо потекло. Но дали е така?

Во книга (16 век) специјално подготвена по директна наредба на рускиот цар Иван Грозни, со цел руските деца да се запознаат со светската историја, за континуитетот на Македонците пишува:

"Александар Велики бил Македонец, како и денешните Македонци"

Според ова доколку Македонците на Александар биле исто што и Македонците од 16 век, поврзаноста меѓу денешните Македонци и Руси, за која зборува Лавров, нема како да е резултат на преселбата на Словените од зад Карпатите на овие простори во периодот меѓу 6-от и 9-от век.

За Македонците како автохтоно население на Балканот уште пред новата ера пишува и во српскиот учебник по географија (Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе, Београд), од 1872 година:

"Јужниот дел на Балканот го заземаат Македонците, кои се потомци на наjстарите Словени, кои беа во Тракиjа уште пред новата ера."

Во 1888 година, за време на пловидбата по реката Дњепар која извира од Русија, Македонецот Исаија Мажовски за својот народ не како доселен од зад Карпатите во периодот меѓу 6-от и 9-от век, туку како за присутен на просторот на Македонија пред новата ера, ќе каже:

"Многупочитувани господа, македонскиот народ е словенски народ од пред 2600 години, кој бил доведен во Македонија од царот Каран, кој, исто како Филип и Александар, бил чист Словен."

Па дури и да ги тргнеме на страна историските факти, доколку прифатиме дека Сергеј Лавров со својата изјава алудира дека "духовната и историска блискост меѓу нашите народи" е резултат на преселбата на Словените од зад Карпатите во Македонија, тогаш каква потврда за таа блискост е тоа што во Охрид, Македонија, како што вели "секој камен мириса на историја"?

Но доколку прифатиме дека неговиот впечаток оти во Македонија "секој камен мириса на историја" и дека таа поврзаност на Русите со Македонија за која зборува министерот Лавров е поради тоа што Русите потекнуваат од овие простори, тогаш изјавата добива смисла.

За поткрепа на ваквото тврдење ќе се послужиме со еден извадок од книгата Порекло Словена (Украдена Историја, Д-р Петар Поповски, стр 361-362) каде што јасно стои:

"Во древниот пишан документ Московски Анали изрично се тврди дека Русите, односно Московитите, кои потекнувале од македонските простори, имале ист јазик со античките Македонци."

Според ова Русите потекнуваат од Македонија, исто како што и рускиот јазик влече корени од македонскиот.

Не случајно и во Webster Dictionary (1967-1969), во табела на индо-европски јазици, гранката на јазици во која спаѓаат македонскиот, бугарскиот, српско-хрватскиот, словенечкиот, чешкиот... И рускиот е заведена под терминот Македоник (Macedonic)!

Во поново време професор Тентов и академик Башевски кои истражувајќи и дешифрирајќи го Каменот од Розета тврдат оти дошле до изводи дека средниот текст е пишуван на антички македонски јазик, кој има многу сличности со денешниот модерен македонски јазик. За ова нивно откритие интерес имаат пројавено повеќе руски интелектуалци меѓу кои и рускиот академик Чудинов, претседател на комисијата за средновековна и древна историја на Руската академија на Науки и Уметности, кој што според академик Башевски за средниот текст од Каменот од Розета, има напишано "ова е сигурно славјански јазик". Знаејќи дека во тоа време со Египет, од каде што и потекнува Каменот од Розета, владееле Македонци од македонската династија Птолемаиди, најлогично е да заклучиме дека тој т.н. славјански јазик бил всушност македонскиот.

Горе, лево: Русија и Македонија претставени како жени, илустрација од весникот Македонски глас.

За крај да погледнеме една фреска од црквата* во Александров Кремлин (рус. Александровский кремл; анг. Alexandrovsky Kremlin)**, Русија.




Како што забележувате Исус Христос е опкружен со поголем број на 16 зрачни сонца, безмалку идентични со сонцето (т.н. Сонце од Кутлеш) од претходното знаме (1992-1995) на Република Македонија, кое меѓу Македонците има континуитет уште од антиката.




Денес Александров*** е мало и политички незначајно место, но некогаш тоа било најважната точка во Русија. Оваа црква за време на владеењето на првиот руски владетел кој што ќе се нарече себиси цар - Иван Грозни (рус. Иван Грозный), три месеци служела како административен центар на огромната Руска империја и де факто Александров се претворил во руски главен град (од декември 1564 до февруари 1565).

Од ова место кое има исто име како и македонскиот крал Александар III Велики, користејќи ја токму оваа црква како своја резиденција, рускиот цар ја консолидирал империјата и одлучувал за животите на нејзиното население. И сето тоа во непосредна близина на овие 16 зрачни сонца како потсетница за поврзаноста на Русите со Македонија.

Автор: Александар Стеванов

*Осветена е во 1513 година под називот (руски) Покровский собор, а подоцна благословена е повторно под сегашното име Катедрала Св. Троица (рус. Собор Троицы Живоначальной).

**Царската резиденција (рус. Царская резиденция в Александровской слободе; анг. tsar’s residence in the Alexandrovskaya village).

***Старото име на местото за време на Иван Грозни е (руски) Александровская слобода (анг. Alexandrovskaya village). Денешното име на овој град со околу 61 000 жители, оддалечен околу 120 километри североисточно од Москва е Александров (рус. Александров; анг. Alexandrov или Aleksandrov).

Александар Стеванов, објавено и на Македонска Нација

No comments: