December 13, 2011

Носија - Голо Брдо

Македонска народна носија - Голо Брдо

Wikipedia: Носијата од Голо Брдо, голем и простран предел на самата граница кон Албанија, од кој во Македонија се наоѓаат само три села, а сите други се од другата страна на границата, во Албанија, се одликува со носија во која е доминантна портокаловата боја, како посебен колористичен белег кој не се среќава во носиите од другите региони во Македонија. Карактеристика на женската носија е бројноста на облеките и богатиот поткит од долги волнени и срмени рески, густо извезени мотиви и украси од срма, гајтани и оптоки. По својата декоративност и богати украси посебно се издвојува невестинската носија. Кошулата на женската носија е од бело платно, богато извезена на ракавите, а на градниот дел врз кошулата се носат извезени градници парти. Клашнената бела облека клашненик, долга до колковите, богато украсена на градите, долгиот широк појас со густи волнени рески на двата краја и скутина бокченица ја сочинуваат женската носија од овој предел.

Празничен и невестински детал од носијата е зобан - бела безракавна, клашнена облека, украсена со вез од волнени конци и ткаен појас - препашка. Наместо бокченица во вакви прилики се опашува бовча - мала скутина поткитена со долги волнени рески. Носијата се дополнува со изобилство од метален накит: побраник, узда, ушници, гердан, корст.

Зимската облека е кусале, изработена од бела клашна, но куса до појас, со обилни украси од оптоки и рески.

Голобрѓанките на главата носат корпа, мала квадратна платнена покривка, со извезени украси и богати поткити од волнени и срмени рески.

No comments: