July 30, 2011

Австралија ја признала Македонија

Австралија денес не ја признава Македонија под уставното име, туку под привремената референца. Но дали во минатото на Австралија и пречело името Македонија како име за нашата земја?

Се разбира дека не, затоа што оваа сегашна политичка одлука на Австралија во врска со ословувањето на Македонија не е историски оправдана, туку е резултат на лагите пласирани од моќното грчко лоби.

Во статиите на австралиските весници од крајот на 19ти век, за време на Илинденското востание, периодот пред балканските војни, за време на балканските војни, за време на првата светска војна, за време на втората светска војна и во повоениот период, нашата земја се ословува кратко и јасно - Македонија.

За оние кои би спореле дека не се мисли на нас, туку на грчкиот регион Македонија, еве 22 статии во кои се спомнуваат македонските градови (и региони, топоними и хидроними): Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Дојран, Охрид, Кавадарци, Неготино... како градови во Македонија:

The Mercury (Hobart, Tas. : 1860 - 1954) Петок 26 јули 1895 година, страница 3

МАКЕДОНИЈА. Имаше судир меѓу 20.000 војници од турскиот трет армиски корпус и силна група на бунтовници во Скопје, Македонија. Бунтовниците беа поразени, 13 се убиени, а многу повредени.


The Argus (Melbourne, Vic. : 1848 - 1956) Петок 18 Септември 1903 (страна 5)

Од Скопје, Македонија, примени се вести дека бунтовничка група од 450 мажи е уништена од страна на Турците во близина Штип, 41 милји југо-источно од Скопје.

The Brisbane Courier (Qld. : 1864 - 1933) Среда 23 Ноември, 1904 година (стр. 5)

Библијата во МАКЕДОНИЈА.

ЛОНДОН, понеделник.

Продажбата на Библии на "British, and Foreign Bible Society" на улиците на Скопје, во Македонија, бил запрен од страна на турските власти, врз основа на тоа дека поради ниските цени, нивната продажба се сведува на пропаганда. Британската амбасада, сепак, инсистира на продолжување на продажба.


Cairns Morning Post (Qld. : 1907 - 1909) Понеделник 27 јули 1908

Турција и Македонија

Нијази паша, со 1000 следбеници, влезе во Битола и без крвопролевање го киднапира Осман Фејзи паша, новиот командант на вилаетот.

Целиот гарнизон во Скопје (Македонија) се побуни.



Western Mail (Perth, WA : 1885 - 1954) Сабота 24 август 1912 (стр. 23)

...

7. Масакрирани христијани во Кочани, Македонија; 140 жртви.

...

18. Градот Скопје, во Македонија е заробен.

...

The Brisbane Courier (Qld. : 1864 - 1933) Среда 13 ноември, 1912

Битката за Прилеп ....

ЛОНДОН, вторник. Дописник на Дејли Телеграф од Скопје има детали за битката за Прилеп, во Македонија, која се одвиваше во дефиле на патот помеѓу Куприли и Битола...



The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Петок 23 март 1917 (стр. 7)

МАКЕДОНИЈА. Бугарско комунике вели: одбивме нов непријателски напад меѓу Охридското Езеро и Преспанското Езеро, исто така, западно од Битола.

Една германска официјална порака вели: Одбивме француски напад западно и северно од Битола...



The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Среда 5 септември, 1917

МАКЕДОНИЈА. Германска официјална порака од понеделникот попладне вели: Ги одбивме Французите северо-западно од Битола.


The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Вторник 9 Октомври 1917 година (стр. 7)

МАКЕДОНИЈА. Француско комунике вели: артилеријата е активна на Вардарскиот фронт, северно од Битола, и во регионот на езерата.


The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Петок 12 Октомври, 1917

МАКЕДОНИЈА. Германска официјална порака од средата вели: Бугарите ги одбија Англичаните југо-западно од езерото Дојран.


The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Понеделник 15 октомври 1917 (стр. 7)

МАКЕДОНИЈА. Германска официјална порака, од четвртокот вели: најинтензивен артилериски оган преовладува во регионот на Битола и басенот на Черна.

The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Среда 24 октомври 1917 (стр. 11)

МАКЕДОНИЈА. Француско источно комунике вели: Нашата артилерија го продолжува деструктивното бомбардирање на непријателските позиции во регионите на Дојран и Вардар, и на север од Битола. Во текот на расчистувањето на теренот во близина на нашите нови позиции северо-западно од Поградец, зедовме за затвореници 50 Австријци.



The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Сабота 17 Ноември 1917

МАКЕДОНИЈА. Германска официјална порака издадена во четвртокот наутро вели: Французите евакуира ридски позиции западно од Охридското Езеро.


The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Четврток 25 Април 1918 (страна 7)

Македонија. Комунике за македонската кампања гласи: Постои француска пешадиска и артилериска активност по целиот фронт. Артилеријата сопре обид за напад од непријателот на позиции западно од Преспанското Езеро.


The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Четврток 23 Мај 1918 (страна 7)

МАКЕДОНИЈА. Францускиот комунике за операциите на источниот фронт вели: Непријателсла артилерија жестоко ги бомбардираше британските ровови источно од езерото Дојран и нашите позиции северо-западно од Поградец.


The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Вторник 24 Септември, 1918

МАКЕДОНИЈА.

Ја прекратија железничката линија помеѓу Скопје и Солун.

Србите напредуваат кон Кавадарци, што претставува поместување од 40 милји од почетната точка, и се заканува да го земеме задниот дел на важниот премин Бабуна, на север од Прилеп, и главните комуникации на западниот дел на непријателската линија. Успехот кај Неготино претставува закана за резервите на сила источно од Вардар.


The Sydney Morning Herald (NSW : 1842 - 1954) Петок Мај 31, 1918 (стр. 7)

МАКЕДОНИЈА. Француско комунике се вели: Постои голема артилериска активност по целиот фронт, меѓу Дојранското Езеро и Битола...


The Register (Adelaide, SA : 1901 - 1929) Петок 27 Септември, 1918 година

МАКЕДОНИЈА. Коњаница се приближува до Велес.

Лондон. 25 Септември. Цела Битола, Прилеп и патот Градско, што ги поврзување двете бугарски војски, сега е во сојузничките раце. Нашата коњица е на 10 милји до линијата Велес - Штип ...





The Mercury (Hobart, Tas. : 1860 - 1954) Петок Ноември 24, 1944 (стр. 3)

Ослободувањето на Македонија е завршено

ЛОНДОН, че (ААП). - Југословенско комунике наведува дека целата територија на Македонија е сега слободна. Југословенските војници, по тешки борби во Горната Вардарска долина, ослободија три градови. Тие убија или повредија 3.000 непријателски војници во текот на борбите.


Cairns Post (Qld. : 1909 - 1954) Вторник 20 февруари, 1945

Според "Напредак'' (Напредок) Македонскиот министер за правда ја посети Софија, бугарскиот главен град, кадешто го информираше печатот дека Македонија се прогласува за федеративна држава...




Cairns Post (Qld. : 1909 - 1954) Сабота 25 август 1951 (стр. 8)

... Уметниците - воглавно аматери ќе покажат автентични ритуални игри кои преживеале низ вековите во Македонија, Хрватска, Србија и Босна ...










The West Australian (Perth, WA : 1879 - 1954) Сабота Мај 15, 1954 (стр. 22)

Видете го Скопје. Не баш соодветниот туристички водич на Југославија, ја истакнува источната атмосфера на Сараево, но според мое мислење патникот треба да се движи надолу кон југ во Скопје, главниот град на Македонија и еден од најфасцинантните градови.


Сите статии презентирани досега се несоборлив показател дека името Македонија како име за нашата земја, за австралиското општество од минатиот век не само што не било проблем туку и било факт.

Доколку австралискиот политички врв не сака во иднина граѓаните на Австралија да се срамат од неправедното ословување на нашата земја Република Македонија не со уставното име туку со привремената референца, треба час побргу да ја исправи оваа грешка.

Автор Александар Стеванов

(Австралискиот печат за Македонија 1860)

1 comment:

Anonymous said...

Австралискиот печат за Македонија 1860

Австралискиот печат отсекогаш пишувал за Македонија

Извадоци од истражувањето на Александар Стеванов, поставени на блогот I Macedonian...