Човековиот век е премногу краток во споредба со историјата на една земја и нација. Па така кога некој којшто не доволно добро ја познава таа историја за првпат ќе слушне за некаков настан, мисли дека тој е типичен само за времето во коешто тој живее и дека никогаш претходно не се случило ништо слично.
Ист е случајот и со таканаречениот процес на антиквизација за којшто во последните неколку години слушнавме безброј обвинувања дека поврзувањето на античка и денешна Македонија е нешто ново и досега непознато, а следователно непотребно и без историска поткрепа.
Дали поменот за антиката е нешто типично само за Македонија во последните неколку години или пак бил присутен и претходно?
Во оваа статија ќе бидат претставени повеќе цитати од најразлични автори од 19 и 20 век, подредени по хронолошки редослед со коишто ќе се покаже вечниот помен за антиката меѓу Македонците, но и неодминливото поврзување на Македонија и Македонците од тоа време со античка Македонија на Александар и Филип од страна на странски автори.
Во "Архиви на армијата" (Archives de l'armee de terre), со сигнатура МР 1618, 17 во патепис од 1807 година, од непознат француски автор пишува:
"Клетата раја од Македонија уште ги воспевува подвизите на завојувачот на Персија и Индија"
Значи Македонците и во тоа време, сè уште го помнеле Александар Македонски и неговиот поход кон Персија.
Во патеписот на францускиот дипломат Еспри-Мари Кузинери (Esprit Marie Cousinery) од 1816 година, отпечатен во 1831 година во Париз под насловот "Патување во Македонија" (Voyage dans la Macedoine) на стр. 11, пишува:
"Македонија толку славна во спомените за Филип и Александар, толку несреќна за време на римското владеење, понижена под Бугарите и најпосле толку понижена под отоманскиот меч, денес претставува само пустош кој зад себе го влече фанатизмот, незнаењето и деспотизмот"
Со ова Кузинери јасно го покажува континуитетот на Македонија уште од времето на Александар и Филип.
Во врска со импресиите од својата посета на Македонија од 1844 - 1845 година, рускиот славист Виктор Григорович запишал:
"Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот"
Ова е несоборлив доказ дека Македонците од тоа време се поистоветувале со Македонците на Александар Македонски. Колку за илустрација и денес машкото име Александар е најпопуларно.
Во "Цариградски весник" од 3 март, 1860 година пишува:
"Oваа земja e Maкедониja и ако ja погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономиja, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски."
Од текстот јасно се гледа дека не постои видлива разлика меѓу античка Македонија и Македонија од тоа време (1860 година) односно дека се едно те исто.
Во весникот Македонија, во статија од 18 јануари, 1871 година, со наслов "Македонското прашање" бугарскиот политичар и поет Петко Рачев Славејков го пишува следното:
"Многу пати сме слушале од Македонистите дека тие не се Бугари туку Македонци, потомци на Античките Македонци..."

Штом Бугарин признава дека слушнал и тоа многу пати дека Македонците се чувствуваат како потомци на античките Македонци тогаш нема зошто да не му веруваме.
Во преамбулата на правилата на македонскиот востанички комитет на Кресненското (Македонското) востание од 1878 година, востаниците се споредуваат со војската на Александар Македонски:
"Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили и е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза - Слобода или смрт!"
Вo својата книга "Македонска песнарка" од 1879 година, Марко Цепенков запишал:
"Да ли сте чуле, Македонци, стари људи што говорат? Од Македонци по јунаци над них не било. Цар Александар Македонски триста лета пред Христа со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип - Славјанин е, цар Александар - Славјанин е. Наши баби славјански ги родиле. Македонци! Сетите се за јунакство македонско. Та спроти старих вие сега да следувате!"
Со овој текст Марко Цепенков јасно и недвосмислено покажува дека смета оти кралевите Филип и Александар се наши македонски кралеви.
По повод 1000-годишнината од смртта на Свети Методиј, во 1885 година во Солун, Григор Прличев ќе каже:
"Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!"
Како што може да се прочита Григор Прличев не само што Александар Македонски го смета за македонски син туку и заедно со Светите Кирил и Методиј го вбројува меѓу најголемите.
Во 1888 година, Александар Македонски повторно се поврзува со Македонците во говорот на Исаија Мажовски, одржан на бродот Рицар, за време на пловидбата по Дњепар, Русија:
"Многупочитувани господа, македонскиот народ е словенски народ од пред 2600 години, кој бил доведен во Македонија од царот Каран, кој, исто како Филип и Александар, бил чист Словен..."
Истата таа година, Коста Шахов во весникот "Македонија" број 4 запишал:
Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!"
Македонците од тој период не само што биле свесни дека се потомци на Александар туку и го чуствувале како своја национална (!) гордост.
Во 1899 година познатиот македонски преродбеник Марко Цепенков повторно го спомнува Александар Македонски:
"Помислете Вие, мили чеда за велика цара Александра што се слави и до ден денеска!"
Зошто Марко Цепенков би ги повикувал Македонците да се присетат на Александар Македонски?
Од истата причина поради која после само три години во статија со наслов "Кон Македонците" во весникот "Реформи" од 14 септемви 1902 година, повторно Македонците се повикуваат да си спомнат за Александар Македонски во когошто како што пишува "течела македонска крв":
"Наша должност е сите да застанеме под македонските знамиња и да си ја пролееме крвта за нашата Татковина. Македонци, Споменете си за светскиот победник, светската слава на Македонија - Великиот Александар Македонски, споменете си за храбриот цар Самуил, за македонскиот великан, волшебниот Крале Марко, сесловенска слава, - дека во нив течела македонска крв, тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започната дело. Да се покажеме како достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожтвуваност; да го отфрлиме од себе страмниот јарем што не гуши пет века... Слободата не се купува ни подарува, таа треба да се извојува."
Во "The Canadian Magazine of Politics, science, art and literature" том XX, за периодот ноември 1902 до април 1903, пишува:
"Античката престолнина на Филип, против кого зборувал Демостен и онаа на Александар којшто го освоил светот е толку отсечена од цивилизацијата такашто можеме да сметаме на вести според условите коишто владеат таму и тие најчесто се случајни или со сомнителна веродостојност... Се додека не се изградат врски на коишто може да се смета во планинските долинини на Монастир (Битола) ние нема со сигурност да го знаеме степенот на турската опресија..."
И во овој случај Македонија од тој период непосредно пред Илинденското востание се споредува со античка Македонија.
На новинарското прашање "Непосреден наследник на Александар Велики?", во грчкиот весник Акрополис од 8 мај 1903 година, македонскиот револуционер и иден претседател на Крушевската Република, Никола Карев, одговора потврдно со што јасно покажува дека се чувствува како директен наследник на славниот македонски војсководец.
Jаков Слишковиќ во својата книга "Албанија и Македонија" објавена во 1904 година во Сараево, на стр. 160 пишува:
".....Има уште такви, кои денешните жители на Македониjа не ги сметаат ни за Срби ни за Бугари, туку за посебна народност, вероjатно наследници на старите Македонци. ..."
Дури и моќната пропаганда на Бугарите и Србите не вродила со плод и Македонците продолжиле да се сметаат за наследници на старите (античките) Македонци.
Во статија од 20 ноември 1914 година, со наслов "Бескрупулозен неприjател на Македониjа и на словенството", во весникот "Македонски Глас" пишува:
"Уште зимоска, по македонските села крстосуваа македонските деjци, борци и водачи што организираа собраниjа, претпоставуваа да собираат потписи под молбата до таткото на сите Словени молеjќи за милостиво застапништво. Тогаш Македонците ги изразиjа своите вистински желби: на древниот македонски престол на Александар Велики, на Самуила и Марко Крале да седне руски кнез. Но за никакво соединување со Бугарите, ни за напад врз Србите, непознато од чие име, никоj од автономистите не зборувал."
И овде Александар Македонски е неизоставлив.
Во преамбулата на Македонско-американското друштво Александар Велики (!) од Колумбус, Охајо, напишана на 9 март 1928 година стои:
"Ние Македонците од Македонија, дел од поранешната Турска империја, имигранти во Колумбус, округ Френклин, Охајо, се поврзуваме меѓу себе во братска, неполитичка и нецрковна организација која ќе се нарекува - Македонско-американското друштво Александар Велики"
Ова е директен доказ дека Македонците и од тоа време се чувствувале како потомци на Александар Македонски, во спротивно зошто својата организација би ја именувале по овој славен македонски крал и војсководец.
Во американскиот весник "The Tuscaloosa News" во артикл со поднаслов "Патриотите го оживуваат стариот вик за автономија" (Patriots revive old cry for automomy) од 24 август, 1945 година, во врска со барањето на Македонците за обединување и автономија од Бугарија, Југославија и Грција, пишува:
"...Македонија која немала национална самостојност уште од времето на Александар Велики денес е потенцијално најпроблематична точка во Европа..."
Доколку Македонија од тоа време немала врска со античка Македонија авторот на текстот немало да ја спомне.
Во книгата од 1953 година "Зад кулисите на КПГ" на грчкиот новинар Елефтериос Ставридис, на стр. 214 пишува:
"...Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи, макар и да зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките Македонци на Филип II и на Александар..."
Нема причина зошто не би верувале на еден Грк за тоа дека Јане Сандански навистина се чуствувал како потомок на античките Македонци.
На два дена по прогласувањето на независноста на Република Македонија, на 10 септември 1991 година, во статија со наслов "Македонците гласаат за независност од Југославија" (Macedonians vote for independence from Yugoslavia) американскиот весник New York Times во делот за историјата на земјата ја спомнува и античка Македонија:
"...Историја: Александар Велики за кратко ја направил Македонија светска сила чија империја се протегала од Египет до Индија во четвртиот век пред новата ера..."
The New York Times нема никаква романична побуда или пак интерес да не споредува со античка Македонија. Тогаш зошто го прави тоа? Најлогичниот одговор е затоа што тоа е дел од историјата на Македонија којшто е премногу значаен за да биде изоставен.
Дали некој сè уште верува дека таканаречената антиквизација е процес којшто е нешто ново и дека Македонците во минатото не чувствувале поврзаност со античките Македонци?
Но тоа не е се'. Дури и за време на најмасовните обвинувања за антиквизација на Македонија во обид да се ампутира нашето античко наследство и историја, во април 2010 година весникот на американскиот Стејт департмент излезе со статија за Република Македонија под наслов "Античка Македонија гради модерна демократија" (Аncient Macedonia builds a modern democracy)!
Дури и сега на интернационално познатите веб страни денешна Република Македонија се прикажува како продолжение на античка Македонија, како што е на пример случајот со страната www.worldatlas.com која што во деталите за Република Македонија пишува:
"The historic country of Macedonia was once the Kingdom of Macedon, ruled by Alexander the Great"
Деновиве во врска со поставувањето на статуата на Александар Македонски, угледниот весник The New York Times повторно ја спореди денешна Македонија со онаа во антиката преку статијата со наслов "Македонија ја враќа старата слава" (Macedonia plays up past glory).
Во услови кога гледаме дека Македонците од 19 и 20 век се чувствувале како потомци на античките Македонци и во услови кога другите ни го признаваат нашиот континуитет од времето на античка Македонија, нема причина ние денес да се откажуваме од тоа славно минато.
Александар Стеванов, објавено и на Macedonian Spark и Cooltura
No comments:
Post a Comment