Провикнала е Драганка

ПРОВИКНАЛА Е ДРАГАНКА

Провикнала е Драганка, леле.
Провикнала е Драганка,
од врв на Пирин Планина, леле.
Од врв на Пирин Планина.

Умирам мајко за вода, леле.
Умирам мајко за вода,
како босилок за роса, леле.
Како босилок за роса.

Каршија седи овчарче, леле.
Каршија седи овчарче
и на Драганка говори, леле.
И на Драганка говори.

Драганке моме убаво, леле.
Драганке моме убаво,
та вода не је убава, леле.
Та вода не је убава.

Сношти минаја ајдуци, леле.
Сношти минаја ајдуци,
крвави ризи испраја, леле.
Крвави ризи испраја.

Крвави ризи испраја, леле.
Крвави ризи испраја,
оштри ножови измија, леле.
Оштри ножови измија.

Оштри ножови измија, леле.
Оштри ножови измија,
три глави внатре врлија, леле.
Три глави внатре врлија.

Ансамбл Билјана

No comments: