April 23, 2011

Баргала

На околу дваесет километри североисточно од градот Штип, на месноста Горни Козјак (општина Карбинци), во непосредна близина на селото Козјак и Козјачка река, се наоѓа археолошкиот локалитет Баргала. Координати: 41.799675, 22.290031. Google map.

Локалитетот се простира на површина од околу пет хектари. Со ископувањата е започнато во 1966 година, а истите продолжуваат и до ден денес.

Доцноантичкиот град Баргала којшто постоел на тоа место бил основан во IV век. Првично бил воен логор, а подоцна прераснал во развиен цивилен град.

Градот бил опкружен од високи ѕидини (дел од нив се реконструирани), дебели 2.3 метри и укрепен со 20 стражарски кули.

Бил еден од позначајните доцноантичи градови на територијата на денешна Р. Македонија, а својот најголемиот процут го имал за време на владеењето на Јустинијан I (527-565).

На самиот локалитет се пронајдени повеќе значајни артефакти кои се чуваат во штипскиот музеј.

Меѓу нив е и изрезбана дрвeна плоча со претстава на луѓе, лавови и геометриски форми коешто е најстариот (IV век) артефакт изработен од дрво пронајден во Р. Македонија.

На локалитетот е откриена винарска визба од VI век и три ранохристијански базилики. Се смета дека Баргала била седиште на првата епископија во брегалничкиот регион.

Прва откриена базилика е епископската, втора е онаа надвор од градските ѕидини (во близина на главната градска порта), која била во функција на жителите на надворешниот дел од градот и трета е онаа во централниот дел на градот која служела за секојдневни ранохристијански обреди.

Фото: А.С. 19 април 2011 година. Кликнете на сликите за целосен размер!

Александар Стеванов, објавено и на Cooltura и Build

2 comments:

Photo Volan said...

Штип доби свој нов презентер ... а Еди доби убаво хоби ...

Поздрав, безброј вакви убави фоторепортажи ...

Македонски Документи said...

Една фотографија преземена на: Отчет за сработеното во 2013 од „Завод и музеј“ – Штип и најава за нови 90 проекти во 2014!!!