УБАВА КАЛИНА
Ајде разболе се млада, убава Калина,
во поле широко, џанум, под Пирин Планина,
во поле широко, џанум, под Пирин Планина.
Ајде никој нема, џанум, Калина да види,
само едно горско пиле, пиле соколенце,
во клунче ѝ вода носи, с крилца сенка држи.
Ајде го запраша, џанум, убава Калина:
Ој ти, море, горско пиле, пиле соколенце
што ми в клунче вода носиш, с крилца сенка држиш.
Дали чекаш јас да умрам, очи да испиеш,
или мојто бело лице, ти да го исколвеш,
ил од мојте руси коси, гнездо да направиш?
Помниш ли бре, горска вило, убава Калино,
кога Турци запалија кај Пирин Планина,
сите пилци изгорова, па и мојте крилја.
Сите по пат што минаа семе оставија,
само ти ме зеде Каљо, в пазуви ме стави,
твојата добрина Каљо, јас не ја забравив.
Болеро
Орце Стефковски
Цане Николовски
September 7, 2008
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment