November 20, 2010

Умберто Паскали - интервју

Умберто Паскали за Македонија и за културната империја која таа ја создала:

"Македонија во моментов стои на лизгав терен. Тој е лизгав поради големите игри на големите сили, на финасиските елити во светот кои предобро ја сфаќаат стратешката важност на контролирањето, на "раздели па владеј", во овој регион од светот. Но, за разлика од елитите на другите држави кои се лишени од култура, Македонија ја научи својата лекција од историјата. Тие виделе големи империи како доаѓаат и си одат, како освојуваат и паѓаат. Отоманската империја, Австро-унгарската, Романови, Третиот рајх, без враќање на Римјаните. Сите тие ја проектираа илузијата на семоќност и бесмртност.

Впрочем, двајца скромни луѓе како Кирил и Методиј, без да имаат моќ му дале едно богаство на голем дел на светот - богаство кое до ден денешен е плодно. Тие знаеја како да ја подигнат својата рака високо и да ги наберат божествените и вечни вредности и да ги отелотворат во животот на народот. Ова се вистинските империи. И Македонија очигледно ја зачувала таа искра кај својот народ."

Од интервју за емисијата "Гласот на народот"

No comments: