Оф, што сум толку далеку

ОФ, ШТО СУМ ТОЛКУ ДАЛЕКУ

Оф, што сум толку далеку, далеку
од тебе Македонијо.
Оф, што не можам да гледам, да гледам
твојата убост мермерна. x2

Охридско езеро - убаво, убаво,
Пирин планина - висока.
Реката Вардар - крвава, крвава
и Бело море - бескрајно. x2

Ти раѓаш само синои герои,
храбри Mакедонци.
Вечно се поробени и разделени,
никогаш непокорени. x2

Болен си лежам в туѓина, в туѓина
и тамо јас ќе си умрам.
Последна желба си имам, си имам,
в Македонија да дојдам.
Македонија да вида, да вида
и таму јас да си умрам.

Васка Илиева

No comments: