July 10, 2010

Beogradske Novine

"Ги сметаме штетни и опасни за македонската слобода сите надворешни мешања, насочени кон тоа да го отклонат од правилниот пат развитокот на македонското револуционерно движење, дури не се постигне политичко освестување на македонското население, особено во тие критични минути за балканските народи."

("Beogradske Novine" 65, 25. II. 1904 година, стр. 3).

На собранието се постигнала полна согласност во потенцирањето на едномисленоста и кооперативноста по повод македонското прашање. Посебно е поучна телеграмата што била испратена до грчките и романските студенти и вели:

"Српските и бугарските студенти, ослободени од секаков шовинизам и национални идеи и заблуди за остварување на некакви историски задачи на сметка на поробените народи во Турција и одушевени од најчисти хумани чувства, извикуваат: Да живее автономна Македонија."

("Beogradske Novine" 65, 25. II. 1904 godina, str. 3).

No comments: