Македонија утре - Пјер Беарн

Македонија утре

Пјер Беарн

Македонија те сакам зашто знаеше да ја зачуваш радоста што како змија се извива меѓу нашите трпези.

Зашто знаеше и покрај се' уште да танцуваш и да ја пееш среќата што си жива во куќите што насекаде и сама ги градиш ти.

Народе раскинат, осакатен. Народе раселен и разнесен. Ве поздравувам Македонци.

Главата ви е во Скопје, со едната нога сте во Грција, со другата во Бугарија. Но вашето срце е насекаде. Кадешто дрвјата зеленеат што сами ги посадивте, во куќите што живеат без вас, а сами ги изградивте.

Но јас верувам дека ветерот на правдата ќе биде положен еден убав ден врз вашите граници од трите фрагменти на вашиот единствен живот и дека вие во него ќе живеете во народот најпосле, на крајот на краиштата роден од Европа.

За настапот со песната на Струшките вечери на поезијата авторот Пјер Беарн вели:

"Во 1991 година бев повторно поканет на Струшките вечери на поезијата. Конечно можев да ја прочитам мојата песна, кадешто во 1978 ја предвидов независноста на Македонија, земјата што ја обожавам! Ја читав мојата песна, откако една девојка ја кажа на македонски јазик. Сакав да знаат дека сакам да им кажам нешто важно! Пред стотици слушатели песната доживеа триумф. Жените плачеа, мажите извикуваа од радост. Претседателот на Републиката ме прегрна. Среде тој изблик на воздишки и ракоплескање, никогаш не бев доживеал нешто слично! Бев како маѓосан!"

No comments: