Анатол Франс - цитати

Цитат за Македоноја од Анатол Франс, французки поет, новинар, новелист, академик и добитник на Нобелова награда за литература.

"Граѓани,

По наредба на Црвениот Султан, паднаа триста илјади Ерменци. Од врвовите на Таурус до високорамнините на Арарат, еден народ сирак живее под нож. Во Македонија, на неколку часа од Будимпешта и Виена, турските војници и функционери ги колат селаните, на кои им ги силувале ќерките и жените. Овие злосторства се направени за срам на Европа. Европа мора нив да ги спречи. Човештвото ја задолжува со тоа, а Берлинскиот договор и дава за тоа сигурно право.

Франција испрати свои оклопни кораби да бараат од Портата, преку топовските отвори исплаќање на Лорандо и Тубини. Нашите оклопници, дали се единствено во служба на Турбини и Лорандо?

Султанот, предавајќи им ги Ерменија и Македонија на крвниците, нели се изложи на некаков приговор од страна на силите? Германија, Англија и Франција, неговите старателки, ќе му речат ли: „Можеш да убиваш, само ако платиш?"

Ако им се верува на умешните луѓе, постојат две политики. Една што се раководи од претпазливоста, и нашата. Ние одговараме дека пред злосторството има само една политика: човечност.

Се вели дека нам ни недостигнуваат водржаност и претпазливост. Не. Предвидувајќи ги колежите, што по неколку дена ќе ја окрвават Македонија, и викајќи му на секој оној што може да не чуе дека турската сабја постојано е крената над Ерменија, нам не ни недостигнува ниту претпазливост, ниту разумност. Претпазливоста не се состои во тоа да се премолчуваат и негираат колежите. Не е претпазливост одобрувањето на злосторството со едно страшливо премолчување. Страшливоста никогаш не е разумна.

Каква е таа разумност да се молчи кога крвта на жртвите повикува? Единствено нашата политика е разумна, бидејќи е отворена и искрена, и бидејќи надвор од правите патишта постојат само изненадување и опасности.

Единствено нашата политика е мирољубива, бидејќи се засновува врз народното чувство кај цивилизираните нации, а народот насекаде ја мрази војната.

Граѓани,

Интересирајќи се за судбината на Ерменците и на Македонците, не затоа што се христијани, ами затоа што се луѓе, ние бараме, како гаранција за нивната благосостојба, и за зацврстување на општиот мир, полно и целосно извршување на Берлинскиот договор, што се однесува за Ерменија и Македонија.

Братски поздрав" - Анатол Франс (Anatole France) член на француската академија (1896-1924) , говор во Женева на тема „Македонија и Ерменија“ на 17 март 1903 година.

Anatolle France - citations

No comments: