January 7, 2010

Коловрт - значење

КОЛОВРТ , Коловорот , Kolovorot, Kolovrt, Cosmic Wheel, Mandala

Што е Коловрт и дали античкиот симбол на вечноста може да се нарече Коловрт / Коловорот. Мислам дека материјалот кој следи е многу можна варијанта. Значи тоа е една од повеќето можни варијанти.

Прво треба да имаме барем малку познавање од Астрономија, а според мене сите одговори лежат на небеото, бидејки народите со други очи гледале на истото, се разбира во минатото.

Па да почнеме. Коло или Трколо / Тркало е едно исто, нели има и Колце (Прилепски). Дали има Коло на небото. Се разбира дека има и тоа врти непрестано од кога човекот знае за себе. Моментално знаеме дека ние се вртиме, но во минатото земјата била фиксна а небото вртело (слика доле лево)

Целиот небесен свод, константно се врти, а се врти околу Северницата, нашата најпозната ѕвезда.

Но каде во ова коло е нашиот симбол. Знаејки дека северницата е дел од соѕвездието Мала Мечка, народно познато како Мала Кола или Кочија, и знаејки дека се ротира околу северницата, резултатот е на долната десна слика.
















Секогаш симболот е во круг и претставува тркало / КОЛО кое врти вечно. Македонските надгробни крстови се полни со КОЛОВРТ, желба да се оди во вечноста, во бескрајот / Коловрт на антички Македонска монета.













Линк уште слики со коловрт

No comments: