August 31, 2009

Macedonian Flag 1992 - 1995

Знамето на Република Македонија од 12 август 1992 година, до 1995 година.













Реконструкција на знамето според Википедија:


Тогашниот премиер на Република Македонија Бранко Црвенковски со знамето на Република Македонија:


Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на дијаметарот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.

Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров со знамето на Република Македонија:


Знамето според Željko Heimer, (24 June 2005) изработено според законот за знамето, во кое тој зборот „непосредно“, во реченицата "Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск", го има сфатено како „директно“ (прилепено).




Зборот „непосредно“ може да значи и: „директно“, но може да значи и „близу“. Дека оние кои што го составиле законот со зборот „непосредно“ мислеле на „непосредна близина“ (непосредна оддалеченост) т.е. „на мала оддалеченост“ говори фактот дека знамето кое е користено од страна на Р. Македонија не е со прилепени краци до сончевиот круг, туку со такви кои се на мала оддалеченост, како што може да се види од фотографијата со претседателот.

Неофицијален шаблон за конструкција на оваа верзија на знамето, според Željko Heimer, (24 June 2005):




Џиновско знаме на спортски натпревар:







Плакати со кои се потсетува на старото знаме со 16 зрачно сонце:














Законот за знамето во Службен весник (12 август 1992):















Знамето на бон за гориво од 1992 година:



Автор: А.С.

No comments: