Знаме на Крушовската чета

Знаме на Крушовската чета за време на Илинденското Востание.

Црвено знаме на кое кружно е испишано "СМРТ ИЛИ СВОБОДА" горе и "ЗНАМЕ НА КРУШОВСКАТА ЧЕТА" долу. Кликнете на сликите за да ги видите во целосен размер! (реконструкции).





Горе - реконструкција (А.С.) според копиите.

Горе - реконструкција (Wikipedia).

Знамето на Крушевската Република според "Националните и идејните насоки и достигнувања на Илинден" - Данчо Зографски:
Востаничкото знаме, што се вееше над училишната зграда, во која беше сместен и заседаваше Советот, го симболизираше братството и борбениот сојуз на крушевското население. Црвеното знаме насреде имаше две извезени со жолта срма раце што се ракуваат над палмов венец, а над рацете — запален факел. Во горниот крај на знамето беше претставена мртовечка глава над две крстосани коски, а над главата искршен крст.

No comments: