Ванчо Михајлов - комунистички шпион

Ванчо Михајлов бил бугарски КОМУНИСТИЧКИ ШПИУН

На бугарската ТВ Емисија „Коритаров Шоу“, Константин Чак`ров, главниот советник на комунистичкиот бугарски претседател Тодор Живков, јавно објави дека Ванчо Михајлов бил цело време издржуван т.е. плаќан од КОМУНИСТИЧКА Бугарија. Оваа вест ја пренесува и бугарската новинска агенција „Фокус Њус“. „Мијалов работеше за каузата на Бугарија, зошто да не му даваме пари“, зборува најдобриот соработник на брачната двојка Тодор и Људмила Живкови, нивниот советник Чак`ров. Тој изјави дека тајните комунистички бугарски служби на илјада начини го потпомагале нивниот платеник, Ванчо Михајлов, до крајот на неговиот живот. Михајлов цел свој живот работел за државата Бугарија, прво царска, а потоа и КОМУНИСТИЧКА, за што добивал голема финансиска надокнада.

Со тоа паднаа и маските на „македонските б`лгари“ кои тоа станувале само затоа што биле дебело плаќани од бугарската држава, за да шират бугарофилство меѓу Македонците. Ванчо Михајлов, човекот кој цел свој живот пропагираше дека Македонците биле Бугари и дека тој самиот е Бугар, всушност тоа го работел за пари, а не од некоја идеологија. Стотици наслови излегоа од перото на Михајлов против комунистите, со тематика како тие ги „создале“ Македонците и македонската нација, а тој лично бил платеник на најголемиот бугарски КОМУНИСТИЧКИ дикататор Живков. Бугар- тоа била професијата на Михајлов. Ако Македонците ги создале комунистите, зошто баш најголемиот бугарски комунистички диктатор Живков ги негираше Македонците, заедно со неговите бугарокомунистички пиунчиња, како Ванчу Михаили и неговата жена Мелпомена Крнчу?

Чак`ров вели дека парите од комунистичка Бугарија, Михајлов не ги добивал директно од Бугарија, туку преку „луѓе кои можеле да помогнат“, а тоа биле бугарски комунистички платеници по светот. Георги Младенов, најголем бугарофилски Македонец во Канада и издавач на еден од весниците „Македонска Трибуна“ која пак од Македонската Патриотска Организација- МПО Америка е претставена како неовластена, пишува дека пробугарските македонски иселенички организации, кои пред се биле човек-организација, испраќале пари на Михајлов. Еве што точно пишува човекот кој дојде во Скопје и во центарот на Скопје го негираше македонскиот народ и го нарекува србо-комунистички, Младенов:

Бележка на редакцията. При приключването на някой отъ нашитѣ организации по Сѣверна Америка, всички останали пари се изпращаха директно на Г-нъ. Иванъ Михайловъ въ Римъ Италия. Въ това писмо на Дядо Ангелъ Безевъ до Г-нъ. Иванъ Михайловъ се вижда това. Много отъ парите беха за така наречената Македонска кауза.

Превземено од http://makedonskaistorija.blog.com.mk/

No comments: