Бугарите за посебноста на Македонците

Бугарските сведоштва за посебноста на македонскиот народ во 19 век

Прашањето е зошто и денеска, во 21 век, Бугарија не сака да признае македонци, македонски народ и нација? Од што толку се плаши и стравува? Ако гледаме историски, уште од 19 век русите и бугарите се обидуваат да ги бугаризираат македонците, но безуспешно. Но, зошто толку многу труд и векови, денешните бугари посветија на бугаризација на македонската историја и на фабрикување бугарство на македонскиот народ? Одговорот е многу лесен за секој кој добро ја знае македонската, бугарската, руската, но и воопшто историјата во 19 век.

Царска Русија во 19 век имала намера да се проширува територијално и со своето влијание кон исток, кон словенските народи од тогашна европска Турција. Како најблиска територија за руските цели била географска Бугарија, но и како руските цареви ја носеле титулата "Цар и Самодржец болгарски"(Болгарија=Татарстан во руската федерација), Русите по секоја цена сакале да формираат голема Бугарија, која политички би била само една губернија на големата руска империја. За да ја формираат големата Бугарија, требало да постои бугарски народ, кој како таков во 19 век не постоел. Во права Бугарија, територијата меѓу Дунав и Стара Планина во тоа време живееле претежно турци муслимани и турци христијани- остатоците на вистинските Бугари тнр. Гага-узи (узи е синоним за бугари и име на бугарско племе), додека во останатите делови живеело словенско население, претежно мешавина на траки (власи) и антиски словенски племиња. Затоа, царска Русија во 19 век почнала со фабрикацијата на бугарски словенски народ, земајки на учење словени од Бугарија, кои понатаму ќе станат главни пропагандисти на руската политика во Бугарија, големи русофили и борци за создавање на бугарска држава под руски протекторат. Во Русија биле образувани со лажна историја, дека бугарите се словенски народ, дојден од "мајка" Русија во 6 век и дека се ист народ со големиот руски народ. Секако, тоа била една пропаганда, за создавање еден нераскинлив бонд меѓу Русија и идната држава Бугарија, која би била целосно економски и политички потчинета на мајката Русија.

Во таа вештачка творба Бугарија, замислена и пропагирана од Русија, требало да влезат сите неослободени словенски народи од европска Турција, Македонци и Срби; географски, Санстефанска Бугарија ги зафаќала териториите на скоро цела етно-географска Македонија до Корча, Берат, додека од Србија требало да ја опфаѓа областа од Тимочка краина до Врање. Со создавање голема Бугарија, Русија би го владеела индиректно Балканот, целото црноморие и егејот.

Создавањето на б’лгарскиот народ бил проблематичен историски, културно и цивилизациски, оти се формирал народ кој носел турки име бугари, а имале словенска култура; ем народното име украдено од чувашите & татарите, ем цивилизациските, историските и културните придобивки украдени од македонците.
Македонците особено биле важни околу формирањето на синтетичкиот "чистословенски бугарски" народ, поради тоа што целата словенска писменост, јазик, култура доаѓа од Македонците. Бугарите од Првото бугарско царство кои ја основале балканска Бугарија, биле турки народ, со турски јазик и турки култура. Бугарите од Второто бугарско царство биле мешавина на турко-власи, а секогаш словенскиот елемент бил исклучен од раководењето на Бугарија, а бил најброен. Едноставно, словено-траките од Бугарија биле вековно покорени од турките народи кои ја владееле Бугарија и целосно исклучени од бугарските државни текови. Русија ја владеела волшка Бугарија- денешен Татарстан и Чувашија, држави населени со Болгари, чистокрвни азијато-турки, со турки јазик, култура, обичаи и менталитет, па многу добро знаеле "русњците" дека бугарите не се словени, туку турки. Затоа, русите заедно со тнр. "б'лгари" почнаа низ целиот свет да шпекулираат и лажат дека македонците се бугари, дел од бугарското племе, оти јазикот и културата на "б'лгарите" се македонски, преземени од Македонија, а не се бугарски, како оние на болгарите- татарстанците, гагаузите и чувашите.

Замислената Бугарија требало да биде словенска, русофилска држава, а тоа не би била без историските придобивки на Македонците, јазикот словенски, писменоста, азбуката и културата. Без Македонците, тнр. "б'гари" се изгубено овчко стадо, без своја историја, свој јазик, своја писменост. Замислете што би настанало да се пропагирала вистината, вистинската историја дека:
1. Бугарите се турки народ, азијати, верувале во Тангра, зборувале турки јазик
2. Анто-траките од Бугарија, тнр. Блгари, кои го географското име, никогаш немале никакви историски придобивки; немале ниту свое народно име, оти го носат името на територијата Бугарија, ниту пак имаат некаква своја историја, освен улогата на РОБ долга 1400 години на турките народи- Бугари, Кумани и Османлии.
3. Целата писменост и словенска култура, тнр. блгари ја имаат земено од нас, македонците, поискрено напишано УКРАДЕНО.

Поради сето погоре наброено, бугарија никогаш нема да признае македонски народ инација, оти со тоа би признала дека тнр. Блгари се една фатаморгана, еден народ без традиции, без никакво славно потекло, без никакви културни и цивилизациски придобивки.

Затоа, бугарските преродбеници и дејци во 19 век настојувале да ги представат македонците како бугарски народ, пред својата домашна публика, но и пред светската јавност. Тогашната бугарска пропаганда дека Македонија е бугарска земја, а Македонците - бугари, не била ништо помала од онаа пропаганда што се спроведува и денеска од бугарската држава и бугарските националисти.

Како и денеска, така и во 19 век Македонците не се чувствувале бугари, немале бугарска национална свест, па затоа бугарите лажеа и изнајдуваа безброј причини зошто македонците не се чувстуваа бугари. Ако ги видиме извештаите и патеписите на бугарските официјални лица од просветната и религиската свера за Македонија и македонците во 19 век, наоѓаме заклучок дека македонците се чувствувале како македонци, а за да го оправдаат непостоењето бугарско самосознание, ќе видиме дека тие ги користат истите излитени бугарски пропагандни фрази: "србите ги лажат македонците дека се македонци, грците ги лажат македонците дека се македонци, а не бугари..." Денеска пак, бугарските историчари исконструираа една голема лага дека "српскиот учен Новаковиќ во 1888 г. го измислил македонизмот, како преодна фаза кон целосна србизација на македонските" и од тогаш демек почнало да се споменува македонското име.

Секретарот на бугарскиот Егзарх за Македонија, Петко Рачев Славејков, главниот во спроведувањето на бугаризацијата во Македонија, во 1871 г. објавува статија под наслов "Македонското прашање", каде прави осврт на македонското преродбенско движење, критикувајки ги Македонците кои себеси се сметале за потомци на античките Македонци, додека други пак за чисти словени, но не и бугари; приврзаниците на обете македонски партии ги нарекува "македонисти". Славејков пишува: "...Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци...Сме слушнале и друг доказ. Некои македонисти се двојат од Бугарите врз друга основа, според која тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам ти што". Понатаму и самиот Славејков го опишува "она мислење дека божем старите Македонци биле Бугари, т.е. Словени", каде авторот на гореспомнатата статија јасно укажува дека за голем дел од Македонците, поимот бугар означувал словен, не етноним, а тие се сметале за наследници на античките Македонци, кои пак биле чисти бугари т.е. чисти словени. Ова македонистичко движње во Македонија било масовно, за што Славеков вели "идеја што многумина сакаат да ја спроведат во живот", а притоа заклучува дека на целиов овој процес во Македонија гледа "како знак на освестеност (македонска)" на Македонците, додека бугарскиот народ се уште не бил создаден или како што Салвејков вели "неустроениот наш народ". На крајот, Славејков заклучува дека Македонците (за него претставувале долни Бугари, а вистинските Бугари биле горни Бугари) не се сметале за Бугари и не биле освестени како такви во 1871 г., па вели: "Во однос на стравот (на Македонците) од бројноста на горните Бугари и од нивното порано пробудување, тоа не прилега ни да се спомнува, како што не треба да се гледа така ни на децата на еден татко. Само затоа што некои браќа (Бугарите) се освестиле час понапред, од тоа не следува дека тие треба да бидат погорни". Меѓутоа, треба да се потцрта дека целава македонска преродба, Бугарите вешто ја криеле како од својата, така и од светската јавност, но, работава излегла во јавност "благодарение на непретпазливоста на еден од нашите собраќа". Извор: (Статия на Петко Рачов Славейков във вестник ”Македония”, издаван в Цариград, година В, бр. 3 от 18. И. 1871 г. Цитирано по Събрани съчинения, т. 7. Публицистика, С: Български писател, 1981 г., стр. 21 – 24).
Славејков сам ги демантира современиве бугарски историчари, оти неговата статија "Македонското прашање" се појавува 1871 г., 17 години пред наводното измислување на македонизмот од страна на Новаковиќ. И тоа не постојат само македонци по национално сознание, туку и критична маса која добро ја познавала историјата.

Денеска пак ќе чуете уште една небулоза од бугарските "историчари" дека македонскиот народ го создал Тито и србокомунистите 1945 г., а пред тоа, сите македонци се чувствувале и биле само бугари. Ама јас пак ќе Ве навратам во минатото и ќе дадам цитати од бугарскиот учен од 19 век, Атанас Б. Шопов, кој ги демантира своите сонародници од 20 век и вели :„Па дури ни денес, во 1885 година кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме, дека поголем дел од Македонија ќе ни летне од раце, со исклучок на две - три околии од северна Македонија . Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари.....” (Офейков (Атанас Б. Шопов ), „Македония въ време на хилядагодишнината на св. Методий“, Пловдив, 1885 г., стр. 109-110). Да не заборавиме дека тогаш, во Македонија спаѓале и делови на денешна јужна Србија. Шопов се осврнува на две пропаганди во Македонија: грчката и австриската, за која прв пат слушаме од него, додека српската пропаганда целосно ја игнорира, најверојатно не била толку експонирана. Под австриската пропаганда, всушност мисли на католицизирањето на источните Македонци од Пиринско и Егејско, кои да ја одбранат својата македонска народност од Патријаршијата и Егзархијата, влегувале во Унија со Ватикан. Еден од унијатските владики е и познатиот Партенија Зографски, папски егзарх во дојранската митрополија. Според секретарот на бугарскиот Егзарх, најголемиот број од Македонците во 1885 г. биле патријаршисти (барем тој така тврди) и се спротиставувале на бугарската Егзархија.

Славејков во својата автобиографија потврдува дека Македонците говореле посебен јазик, со свои наречја (дијалекти): ” Бев надвор од себе да се тури крај на католичката интрига, која се закануваше да ја прибере во рувото на католицизмот повеќе од една третина од Македонија (источна Македонија), идејата да се запознам личнo со неа и со луѓето македонски, да го изучувам битот, обичаите и јазикот на македонските бугари, да соберам материјали за јазикот и дијалектите на таа земја" (П. Р. Славейков. Стихотворения, поеми, автобиография, С., 1964, с. 169.).

Горноспомнатиот Славејков, во 1870-те како представник на бугарската егзархија во Македонија се бори против македонската црковна борба за обнова на Охридската Архиепископија, која се сведувала на борба против бугарската егзархија и прогрчката цариградска патријаршија. Бугарска црковна организација во Македонија е присутна од 1871 г., а наишла на голем отпор од македонците, кој требало Шопов да го амортизира, за што редовни извештаи праќа до бугарскиот Егзарх. Голем дел од свештенството и владиците на бугарската Егзархија во Македонија било локално, македонско, но, се борело за црковно осамостојување на македонците, и покрај тоа што тие биле финансирани од Русија и бугарската Егзархија. За ова црковна македонска борба, Славејков пишува до неговиот егзарх: "се јави во тукашните (македонски) патриоти мисла да дејствуваат сами за себе за и да го официјализираат своето месно наречје за своја лична, сопствена македонска хиерархија, што е бугарска идеја, за несреќа засилена како што можев да разберам од љубомора на еден од нашите владици (г. Натанаил Кучевишки), кој допушти да се протнат и растространат тие погубни идеи на едно национално самосознание" (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал. Ръкопис.). Како што гледаме, Славејков неќе да го спомне ниту македонското име по писмата и да го каже дури и името на националната самостојна мисла што се јавила во Македонија или пак бугарските издавачи македонското име "заборавиле" да го спомнат при објавувањата на славејковите писма. Иако македонците не се чувстувале како бугари во 70-те години на 19 век, Славејков упорно ги нарекува бугари кои сакале преку унијатстворо и Ватикан да добијат своја црковна администрација.

Македонцитге зеле пример на унијатското движење од бугарите, кои пред добивањето на Егзархијата 1871 г., за да извршат притисок врз грчката патријаршија од Цариград, исто така почнаa да се унијатат. Со основањето на Егзархијата, во Бугарија замира унијатското движење. Македонците со унијатсвото покажувале отпор како кон Егзархијата, така и кон Цариград.

Во унијатското движење бил активен и Димитар Малешевски, кој се спомнува како еден од потпомагачите и главните организатори на унијатството. Подоцна него го гледаме како организатор на Кресненското востание, од кога се сочувани доста документи. По “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4), додека во член 15 од Уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа (чл. 186), но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61). Како што гледаме, македонските унијати имале чисто македонска национална свест.

Во истото писмо, Славејков пишува дека македонските владици г. Нил и г. Харитон веќе ги отцепиле од бугарската црква серската, мелничката, струмичката, воденската, кукушката и солунската област и ги приврзале кон католицизмот; во Солун сите православни македонци станале католици, освен г-н Буботинов, бугарин од Софија (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал.).

Според информацијата на католичката сестра Augustine Bewicke од St. Paul's Hospital во Солун, која ја доставила до британската делегација на версајската мировна конференција 1919 г. истакнува дека до 1913 г. во Солун имало околу 10.000 католици, "словени, кои се нарекуваат Македонци и она што тие го посакуваат е автономија под Европска контрола" (Public Record Office (London) – Foreign Office Document 608/44. Peace Conference (British delegation), 1919).

"Солун не е още българский град и не стои начело на движението" продолжува Славејков, за да каже дека на чело на католичко-унијатското антибугарско движење стои Кукуш, "подпомаган денеска доволно силно од досега успиениот Дорјан, а учествуваат во него јавно Струмица со Малешево и Воден. После нив следат солунските села, серските села, Мелник и Драма" (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал.).

Бугарскиот секретар во Македонија се чуди како грчките свештеници во Македонија не реагираат како бугарите, бурно против католицизмот што како зараза се ширел низ Македонија со следниве зборови "Много еще помага за разпространението на уинятската зараза възобновеното преследвание от страна на гръцките владици. Вижда ся явно, че гръцките тъдези владици, вместо да вземат някакви мерки за ограничение на злото или за потушаванието на раздражеиието, с едно равнодушие съдействуват да ся възползуват от туй вълнение в противно отношение, и в такъв дух както ги блазнеше да ся възползуват и от схизмата".

На крајот на извештајот до бугарскиот Егзарх се заклучува дека македонските владици водат "проповеди да ја воскреснат Охридската архиепископија".(ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал).

Во друг извештај до својот претпоставен, бугарскиот егзарх ЙОСИФ I, Славејков ги анализира оние малку македонци кои не се унијателе, но пак се изјаснувале како потомци на Александровите македонци, па не можејки да ја оправда развиената македонска национална свест и кај овие православци, ги обвинува дека ја прифатиле српската и грчка пропаганда и вели: "на малкуте оние мали чистокрвни бугари од Македонија, кои од тесна љубов кон татковината (Македонија) и неопишаното инсистирање на родниот јазик, кои што работат на неговото преовладување, ја прибавија на крај српската пропаганда и грчката, кои без да ги покажат задните мисли на населението, им всадуваат многу погубни идеи: напр. дека тие не се бугари, но се македонци (Александрови потомци), т.е. нешто повредни од погорните други бугари и дека тие можат и треба да бидат водачи и првенци на бугарскиот народ, зошто егзархијата бугарска била нивна, со такви проповеди на странците, поткрепени од наши нерaзумници, раздразнувајки го населението, успеаја да ги распространат доволно овие мисли и да гo насочат народот кон погубитниот пат на сепаратизмот" (5 март 1874. Солун, ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 203, л. 2–3. Оригинал. Ръкопис). Како што гледаме, човеков е премногу контрадикторен и противречен самиот на себе; македонците ги нарекува бугари, па дека се сметале за наследници на античките македонци, па дека требало да бидат предводници на бугарскиот народ, а самите македонци всушност ce сметале за посебен народ, за надмени, и со омаловажување гледале кон бугарите. Тоа се реченици на очаен човек кој очигледното бело го прави црно, македонците ги прави бугари, а немало македонци со бугарска национална свест. Дали тоа го правел за да го задоволи и даде романтичарски занес на бугарскиот егзарх или пак да се оправда за неуспешната бугаризација на македонците, за која бил и задолжен, останува загатка. Факт е дека грците ширеле пропаганда дека македонците се елини, додека пак србите пропагирале дека македонците се чистокрвни срби., но ниту србите, ниту грците не го учеле народот дека е посебен македонски народ; тогаш не би имале ќар, а без ќар работа (во овој случај пропаганда) нема.

Тука презентирам и неколку пасуса од српската пропаганда, која целосно ја демантира бугарската пропаганда која тврди дека "србите го измислија македонизмот; за србите, Македонците биле само старо-србијанци:
" Тим послом бавио се Веселиновић а нарочито Стојан Новаковић. Осим другога наштампао је Новаковић у 12. Гласу Српске Краљевске Академије врло важну расправу, ''ћ и ђ у македонским народним дијалектима'', у којој говор Македонаца и Старо-Србијанаца дијели на овчопољско-кратовски, велеско-прилепски и дибрански говор, претреса потанко велеско-прилепски говор и налази, да је то наријечје српскога језика. Посао овај настављен је у Јагићеву Архиву."...
..."Ношња и обичаји исти су који и у сјевернијех Срба. Они славе славу и преславу ту пар еџелленце српску свечаност, они знају за додолу, за лазарицу и коледу, држе мобу и побратимство. За све то не знају Бугари."
..."Од свега тога најљепше говоре народне пјесме и народна свијест. Српски народ чувен је у свијету са својих народнијех пјесама. Напротив Бугари не имају никаквијех старијих пјесама народнијех. Ну да заварају свијет, наштампаше Македоњани браћа Миладиновци, Бошњак Верковић, Рус Качановски и Бугарин Чолаков српске народне пјесме, које су посакупљали по разнијем предјелима Македоније, Старе Србије и шопских крајева, под именом ''бугарскијех'' пјесама, пошто су их прије тога прекројили према бугарскоме изговору. а да те пјесме изгледају бугарскије, замијенише имена српскијех краљева и јунака бугарскијем царевима и војсковођама, о којима народ нити зна нити пјева..."
"Да су Македонци Срби, држали су и стари дамлатински писци. Шпљећанин Алберти /1617/ пише, да је некада народ словенски под Александром Србљанином /Александар Велики/ давао законе свему свијету. Мавро Орбини /1601/ вели, да је на балканскоме полуострву од давнина живио словенски /а то је исто што и српски/ народ, да је загосподовао у Азији и Африци, да се побио с Мисирцима и са Александром Великијем, да је покорио Јелинију, Македонију и Илирик, да је војевао с Римљанима, да је развалио Рим и присилио римске цареве, да му плаћају данак..." (Симеон Кончар "ПРАДОМОВИНА СРБА", 1894 год.)

Дека секретарот на бугарската црква има право за антиегзархиската дејност на македонските митрополити, потврдува и сочуваната архива на скопскиот митрополит г. Теодосиј Гологанов, роден неврокопчанец (пиринско, сега град Гоце Делчев). Иако митрополит на бугарската Егзархија во Македонија, тој е жесток противник на оваа црковна формација и бугаризацијата што ја спроведувала во Македонија. Митрополит Гологанов пишува „Бугарите ја вршат најмизерната работа, го негираат Македонското име и јазик и го заменуваат со ново (бугарско), со цел бугарските господари да се прошират на туѓи територии...тоа е ново ропство, потешко од турското..турците го убиваат телото, а не духот ...Егзархијата го убива сето тоа подоцна...ние Македонците не страдаме толку од Турците, како од Грците, Бугарите и Србите кои како сакаат како волци да ја разделат намачената македонска земја...Ние македонските духовници по потекло, треба да се обединиме и да го разбудиме народот, да се отфрли странската власт, да се отфрлат дури и Патријаршијата и Егзархијата и духовно да се обединат под закрилата на Охридската Архиепископија, единствената вистинска Мајка Црква“ (Юни 22, 1891 г. Теодосий Скопски, "Централен Държавен исторически архив" (София) 176, оп. 1. арх. ед. 595, л.5-42 / Разгледи, X/8 (1968), п.996-1000).

На 01.12.1891 г. Теодосиј за да го спаси македонскиот народ од Бугарите и Грците, бара Унија со Римокатоличката Црква. Во неговото барање за унија со Ватикан до Папата Лео XIII, Митрополитот Скопски образложува: „во името на целиот македонски православен народ...историското право на македонски православен народ да се ослободи од јуриздикцијата на странските цркви- бугарската Егзархија и цариградската Патријаршија...да се обнови Охридската Архиепископија...границите на Охридската Архиепископија треба да ги потврдат сегашните граници на Македонија (Archivio della S. Congregazione de Propaganda Fide - Roma: Indice della Potenza - Marzo 1892-93, Somm.XV, f.132-141). По ваквата промакедонска борба, На 11 Март 1892 г., Митрополитот Скопски Гологанов е сменет од функцијата и бугарски тајни агенти го притвараат и го носат во заточение во манастир во Бугрија (Archivio della S. Congregazione de propagande fide – Marzo 1892-93, Somm. XV, f. 132-141).

Најголем удар на бугарската пропаганда во Македонија задава проф. по историја. Георги Бакалов, инаку социјалист. Антицарски ориентиран, проф. Бакалов не подлежи на софиската политика на лажење и измислување бугари во Македонија пред бугарската и светската јавност, па ја опишува вистинската состојба на националните чувства на македонците во 1890 година: „во селата во Македонија, ако сретнеш селанец што говори словенски и припаѓа на православната религија...деветорица од десет од овие луѓе на прашањето што се по националност ќе ви одговорат дека се МАКЕДОНЦИ и покрај што се предмет на пропагандите на трите соседни држави “ (Георги Бакалов, "Претендентите на Македония", стр. 22, Варна 1890 г.).

На извештаите на Славејков, еден континуитет за бугарската пропаганда во Македонија и нејзиниот неуспех даваат патеписите за Македонија на бугаринот од гр. Враца, Васил Кънчов . Ја опишува состојбата во Македонија 1893/4 г., а инаку во тоа време тој работи како бугарски пропагаторски учител во солунската машка гимназија. И тој како и Славејков, ја распламтува онаа бугарска фама за постоењето на бугарски народ во Македонија, зборува за бугари од Македонија, но такви ретко наоѓа. За Охрид забележува дека со отворањето на бугарската егзархија, таа отворила и општина на Бугарската егзархија, која во почетокот била жива, оти на чело на истата се наоѓал митрополит Данаил Кучевишки и Охридски, кој како што видовме од извештајот за бугарскиот егзарх од 1874 г. (ЦДИА, ф. 989, оп. 2, а.е. 290, л. 3—4. Оригинал)., се борел за обновување на Охридската архиепископија, а работел против Бугарската егзархија, иако бил плаќан од истата. По неговото заминување и кога Бугарската егзархија ставила свој човек во Охрид co основна задача бугаризација на Охрид, па бугарската општина замрела. Иако бугарската пропаганда вели дека Охрид бил центар на бугарската преродбенска борба во 19 век, град со најголем број бугаромани во Македонија, всушност, тоа било само една голема бугарска пропаганда, такво нешто немало, за што Кънчов вели: "Бугарската (црковна) општина во Охрид денеска (1893/1894 г.) едвај дише. Таа делува повеќе на име, отколку на дело, зошто никаква дејност не се забележува. Од пред 2 години не е преизбрана. На заседание се собираат едвај по 3-4ца и пак ништо не се врши, оти општинските работи се сосема занемарени. Општината секоја година ги кани граѓаните да се соберат, но никој не доаѓа" (Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 451).

Секаде кога во своите патеписи ги опишува бугарските општини по Македонија, К'нчов дава иста бројка на "општинари", по 3-4 кои земале плата од Бугарија. Но, иако плаќани од Софија, К'нчов опишува нивните деца "ги даваат на грчко образование...Во Сер (1894 г.) има 4 души бугарски општинари чии што жени не стапнуваат во бугарска (егзархиска) црква. Еден таков случај видов и во Неврокоп" (Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 253). Како што гледаме, дури и оние Македонци кои работеле за бугарската егзархија, своите деца ги праќале по неегзархиски училишта, за да не подлегнат на бугарската пропаганда. За да изнајде оправдување за немањето бугарска национална свест во Македонијa, пред самиот себе- бугарскиот пропагатор и неговата читателска публика, К'нчов ги обвинува македонските жени, кои во најголем број сакале и се школувале по грчките училишта од каде излегувале антибугарки, со мисла дека "се' што е бугарско е просто, долно, грубо и недоделкано"(Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 252). Но тие македонски девојки биле испраќани да учат по грчките училишта од нивните татковци; никогаш детето не одлучува каде ќе го започне школувањето во прво одделение основно училиште, туку неговите родители.

Интересно е што при пропатување низ пиринска Македонија и денешна источна Македонија, бугаринот К'чев прикриено ни разоткрива дека тамошните Македонци претежно биле антибугарски настроени, дури повеќето гркомани или протестанти.

За пиринските Македонци од гр. Мелник, К'нчов заклучува дека бил гркомански град, каде дури и дома македонците (кои тој ги нарекува бугари) говореле грчки. Во Мелник покрај домородните жители, најбројни во 1894 г. биле бегалците од гр. Негуш, егејска Македонија, од македонското племе пуливаци "(Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр.141).

Петричаните повеќе биле "славјански" па како опишува К'нчов "имат 16 църкви, от които в 14 се служи сега по славянски и в две по гръцки, именно в малката градска и в църквата на селото Кърнилово".

Во Горна Џумаја (Благоевград), според К'нчов, мнозинството македонци биле гркомани кон крајот на 19 век. Кога пристигнал во градот, горноџумајци го пријавиле на локалниот кајмакам со обвинувања дека тој бил шпиун на бугарската влада, дека цртал планови на градот и ја опишувал околијата, при што турската полиција го уапсила (Васил Кънчов, Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско 1894 г., Избрани произведения. Том I. Издателство 'Наука и изкуство', София 1970, стр. 167).

Дури и денешните тнр. б'лгари од Софија и целиот шопскиот крај немале бугарска национална свест кон крајот на 19 век. Врочем, шопите се словенско племе, кои врска немаат со бугарите. Кога Русија ја ослободува денешна Бугарија од османлиите 1878 г., шопскиот крај востанал против нивното вклучување во државата Бугарија; тие, како словени, поблиски ги чувствувале до себе србите отколку бугарите, кои "биле соседи по местоживеење и сродни души по многу работи" (Цит. по М. Семов, Д. Иванов. С минало като в роман. Чужденците в политическия, материалния и духовния живот на българската столица 1878-1908. С., 1999, с. 11.).

На 21 Мај 1878 г., кога Бугарија се уште не била устроена како држава, главната власт ја имале русите на чело со руски губернатор, шопите заедно со српската војска го зазеле целиот шопски крај со интенција да го приклучат кон Србија; тогаш, шопите се изјаснувале како срби по националност (Цит. по М. Семов, Д. Иванов. С минало като в роман. Чужденците в политическия, материалния и духовния живот на българската столица 1878-1908. С., 1999, с. 11.). Само да напоменам дека под шопски крај се подразбира целата територија на северо-западна Бугарија која граничи со Македонија и Србија, а во неа спаѓа и Софија, чие домородно население е шопско.

Туку што ослободени од турците и влезени во руската губернија Бугарија, шопаците, се кренале на оружје против нивното влегување во состав на идната бугарска држава и преферирале да бидат срби, отколку бугари. Затоа, Русија интервенирала и шопскиот крај бил насилно повторно припоен кон Бугарија, а шопско-српските војници биле разоружани, а некои пребегнати и во Пирот. Како целта на Русија било создавање колема Бугарија, а шопите биле антибугари, Русија решила главниот град на Бугарија да биде Софија, а не Велико Трново, како што веќе решиле вистинските б'лгари (Цит. по М. Семов, Д. Иванов. С минало като в роман. Чужденците в политическия, материалния и духовния живот на българската столица 1878-1908. С., 1999, с. 12.). За овој настан, италијанскиот хронист Вито Мантегаца запишува "Русија сакаше главниот град да биде блиску до српската граница- противтежа на Србија, покровителствувана од Австрија (Цит. по М. Семов, Д. Иванов. С минало като в роман. Чужденците в политическия, материалния и духовния живот на българската столица 1878-1908. С., 1999, с. 15).

Превземено од http://makedonskaistorija.blog.com.mk/

No comments: