Лагите на бугаризмот 3

Лагите на бугаризмот 3

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

Прабугарите се населиле во Македонија

Татароманска лага, прабугарите на Кубер се населиле во Македонија (извадок од книгата "Десетте лаги на македонизмот" од бугаринот Божидар Димитров): "Можеме да прочитаме што напишал во својот фундаментален труд „Средновековни градови и тврдини во Македонија" издаден во 1997г. во Скопје, истакнатиот македонски археолог и професор во универзитетот Св. Кирил и Методи - Микулчиќ. Што утврдил проф. Микулиќ? Двеста години според Микулчиќ, Македонија останала без население. Првите новонаселеници биле прабугарите под Водство на хан Кубер, син на основачот на Дунавска Бугарија хан Кубрат. Околу 680-та година со околу 600 семејства тој ги напуштил земјите на денешна Унгарија и по патот Белград - Ниш - Скопје се установил засекогаш на така наречените Керамисијсќи полиња - тоа се Битолско, Прилепско, Ресенско, Охридско и Корчанското поле. Визатиските хронисти и некои бугарски камени натписи околу Мадарскиот коњак во денешна Североисточна Бугарија покажува дека и хан Кубер, основал во денешна Јужна Македонија држава наречена Бугарија, која во сојуз со Дунавска Бугарија превземала во 7-ми почетокот на 8-ми век заеднички дејствија против Византија. Нејзините дејствија против Солун биле одбиени, но затоа пак територијалното проширување на државата на запад во рамките на Денешна Албанија било повеќе од успешно - во околината на селото Врап е пронајдена голема прабугарска ризница, која сведочи за самиот факт. Вториот бран преселници според проф. Микулчиќ во останатите ненаселени земји на Вардарска Македонија бил пак од... прабугари. "

ОДГОВОР НА ИСТОРИЈАТА, ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ И ИЗВОРИ

Од самата содржина на бугарската пропаганда, се гледа колку ниско паднале тие луѓе и како без тронка срам лажат. Историските извори не ги цитираат, туку ги лажираат и фалсификуваат во дневнополитичките и пропагандистички бугарски шовинистички цели. Да видиме што напишал стварно проф. Микулчиќ:

"Археолошките наоди од 7. и 8. век и кај нас укажуваат на жители-несловени. Од една страна, нив ги сочинувале преостанатите групации на староседелци — Ромеји (Византијци), со несловенска (византиска) материјална култура...

Како потврда за ова ќе спомнеме некои од наодите од 7. и 8. век кај нас, а кои не се словенски. Околу Охрид се откопани гробови со предмети од т.н. Комани-култура, која албанските историчари во занес ја прогласија за протоалбанска. (Во н.д. на Е. Манева 1992, 14 и заб.19). Во најново време вакви предмети се откриени на многу поширок простор отколку што е Албанија, до Средна Далмација на запад и од Прилеп до Малешево на исток (фибули), со што целосно се отфрла спомнатата хипотеза. Оваа регионална култура се врзува за домашното ромејско (византиско) население, а настанала по аваро-словенските инвазии и по повторното воспоставување на ромејската (византиска) власт во овие краишта.

На островот Голем Град во Преспа откопани се гробови со византиско-италски (несловенски) накит и монета на Константин IV (668-685). Монети на Констанс ИИ се најдени на Исарот во Валандово и во Селце кај Прилеп, а монети на Јустинијан II (685-695) на акрополата во Коњух. Во кастелот во Дебреште близу Прилеп ископани се повеќе предмети со византиско потекло од 7. век. Сето ова зборува за присутноста на Ромеите во нашите најважни тврдини. И градот Сердика (ден. Софија) повторно е под ромејската власт.

Во некрополата "Млака" пред тврдината во Дебреште, Прилеп, откопани се гробови со наоди од доцниот 7. и 8. век. Тие се делумно или целосно кремирани и не се ниту ромејски, ниту словенски. Станува збор најверојатно, за Кутригурите.

Ова протобугарско племе, под водство на Кубер, а како потчинето на аварскиот каган во Панонија, околу 680 г. се одметнало од Аварите и тргнало кон Солун. Кубер ги повел со себе и Сермесијаните, (околу 70.000 на број), во нивната стара татковина. Сермесијаните биле Ромеи, жители на балканските провинции што Аварите ги заробиле еден век порано и ги населиле во Западна Панонија, да работат за нив. На Кубер му била доверена управата врз нив.

По неколку победоносни судири со Аварите кои ги прогониле, Кубер со својот мешан народ успеал да дојде во Македонија. Од властите во Солун измолил дозвола тие да се населат во Прилепското Поле (Кампус Керамеенсис; Керамеиаи е античкото име за Прилеп). Властите од Солун им наложиле на Драговичите, како на најблиски соседи, во прво време да ги помагаат Сермесијаните во снабдувањето.

Со населување на Сермесијаните-христијани и гркофони во опустените северномакедонски простори, Византија планирала да ја зајакне одбраната. Со нив се поврзува и обновата на Стобската епископија во доцниот 7. век, макар што градот Стоби цел еден век пред тоа бил целосно разурнат и оставен без жители. Меѓутоа, Кубер го прака својот шпион Маврос во Солун, да планира напад. Ова е откриено и Кутригурите биле протерани од овие краишта. За натамошната судбина на Сермесијаните изворите молчат.

Археолошките наоди укажуваат дека Кубер тргнал кон граничниот северноепирски регион за да се насели таму (J. Вернер 1986, 1-71, Т.1-32). Во Ерзеке близу Корча и во Врап кај Елбасан најдени се делови од неговата благајна, заробена во борбите против аварскиот каган. Два дела од ова фамозно богатство се откопани уште на почетокот од нашиот век, а по третиот дел се уште се трага. (цитат од книгата на Иван Микулчиќ "Средновековни градови и тврдини во Македонија", Скопје, 1996 г., стр. 32/33 ).

Како што гледаме, Бугарите населиле Ромеи (староседелци, византијци) во Македонија, а тие биле протерани целосно од Македонија во Епир и археологијата тоа го докажува, како и сите странски историчари.
Инаку и проф. Микулчиќ, не е коректен; си ја интерпретира историјата на свој начин, занемарувајки ги историските факти и извори, со една цел- да докажe дека современите Македонци немаат ништо со античките Македонци. Кој го прочитал горниот текст, а добро ја познава историјата, останува фрапиран од пишувањето на проф. Микулчиќ.
Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid; p.86). Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос. Тоа се докажува и од спомнатите археолошки артефакти во Македонија од 7 и 8 век, кои биле италско-византијски. Македонците ја предале културата и религијата на словените (ако имало навистина доаѓање на словените), а пак словените го предале јазикот на староседелците. Византиските хроничари од 6/7 век го демантираат Микулчиќ дека Македонија биле ненаселена и несловенизирана во 7 и 8 век. Првите византиски документи, македонските Словени ги опишуваат како народ кој е домороден, а не доселен во Македонија. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“ (извор: Livius XLV. 29_. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Бенити, Брсјаци...
Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347).

БЕРЗИТИЈА

Почнувајки од Велес, па се до Лерин на југ и од Кичево/Струга на запад до р. Вардар на исток во 8 век се формирала држава Берзитија -Верзитија (L. Niederle, Slovan. starozhit., Dil. II, str. 428—29.). Тоа била држава на Берзитите (Верзитите), македонско словенско племе, во кои биле вклучени т.е. претопени и античките Македонци. Како што напишал проф. Милчиќ во својата книга од 1996 г. културата во Берзитија била итало-ромејска, значи жителите на таа држава имале континуитет со антиката, со античките Македонци. Византискиот хроничар и патеписец, Теофанес Конфесор ја спомнуваа оваа држава под името Верзитија (Theophanes, ibid., p, 447,10–13 ).

Берзитија (Верзитија) и берзитите (верзитите) не биле ниту Бугари, ниту поврзано со ова турско племе, како што буагрските квази историчари сакаат да пропагираат. Тоа го докажуваат и старите историски извори, кои тврдат дека Бугарите и Берзиќаните биле големи непријатели меѓусебе. Бугарскиот хан Телериг во 773 г. испраќа 12000 војска против Берзитија, за да ја опљачкаат, а населението како робови да го пренесат во Бугарија, но Византија ја спасува Берзитија со 80.000 војска (Васил Н. Златарски "История на Първото българско Царство. I. Епоха на хуно-българското надмощие (679—852)" I изд. София 1918, стр. 303, 302).

Ако Прилеп, центарот на Берзитија бил населен со Бугари, зарем бугарите од Бугарија ќе ги напаѓале своите браќа од Прилеп и ќе ги претвараат во робови, како најголеми непријатели? Согласно историските извори од 773 г. во Керамисиското Поле тогаш Бугари немало

No comments: