December 25, 2008

Тутуноберачите - Кочо Рацин

ТУТУНОБЕРАЧИТЕ

На кантар студен со тyч го мерат
можат ли да го измерат
нашиов тутун - нашава мака,
нашава coленa пот!

Од темни зори на утрини летни
до никоа доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.
Жолт - жолти прави лицата бледни,
жолта госгинка у градите носи.

По утрини росни, по мугрите пресни
зачмаени ние го береме.
Лист по лист кини
лист по лист нижи
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди
и на долга низа од капки пот
надеж со клетва и зелена јад,
со корав поглед на очите матни,
по кревките лисја жолтозлатни
прикаска горка на живот клет
нанижи безгласна а така јасна.

Та незнаш ли ?

Денот ли дојде тој да се мери -
мерка му нема, а в градите длаби
без да се запре, без дно да најде,
не тага а клетва, и в очите матни
и не сакајќи сама се дига
фуријата.
Кантарот нocи лисјето златно,
a в гради луто далгите беснат
на жолтата мака - на жолтиот тутун,
на жолтата пот на раците ни!

Кочо Рацин

No comments: