May 20, 2020

Плутарх, „Напоредни животописи, Арат“ Поглавје 16

Плутарх 
„Напоредни животописи, Арат“
Поглавје 16:

„...Сега, откако за прв пат беше избран за генерал на Ахајската лига, Арат ги пустошеше спротивните територии на Локрис и Калидониа, и им појде напомош на Бојотијците со војска од десет илјади мажи. Тој, сепак пристигна доцна на битката кај Херонеја (се работи за друга, подоцнежна битка, а не познатата битка на Македонците против здружените Грци во 338 г. п.н.е.), во којашто Бојотијците беа поразени од Аетолците, со загуба на Абоекрит, нивниот Бојотарх (главен офицер на Бојотијската конфедерација) и илјада души. Една година подоцна (242 г. п.н.е.), кога повторно беше генерал, тој презема потфат за поврат на Акрокоринт (тврдината на Коринт), не во интерес само на Сикијонците или Ахајците, туку со цел од тоа силно упориште да го истера она што целиот Хелас (Грција) го држеше во заедничко ропство--Македонскиот гарнизон. Атињанинот Харе, којшто имаше успех во битката со кралските генерали, им напиша на атињаните дека победил во битка ’сестра на таа од Маратон‘; и дека овој потфат на Арат со право може да се нарече ист како тие на тебанецот Пелопид и атињанинот Трасибул, во коишто тие ги убија тираните, но дека ги надминува, затоа што е преземен не против Грци, туку против странска и туѓа сила. Зашто теснецот на Коринт, којшто формира брана меѓу морињата, ги спојува двете области, и така го поврзува континентот; и кога гарнизон го држи под контрола Акрокоринт, којшто е рид што се возвишува во центарот на Грција, ги попречува и отсекува комуникацијата, транзитот и спроведувањето на воени експедиции по копно и море на земјата јужно од теснецот, и тој што го контролира со гарнизон го прави единствен владетел на Грција. Затоа се смета дека помладиот Филип од Македонија (се мисли на Филип Петти, 237-179 г. п.н.е.) не кажувал шега, туку вистината, кога градот Коринт го нарекол ’прангите на Грција‘.“

Plutarch: Parallel Lives XI "Aratus, Artaxerxes, Galba and Otho", trans. Bernadotte Perrin, Loeb Classical Library 103 (Cambridge, MA: Harvard University Press: William Heinemann, 1954) pp. 34-37.


(преводот од англиски на македонски е на Г.П.)

8 comments:

Premium Documents PSD Templates said...

California Drivers License Template PSD New 2020

Premium Documents PSD Templates said...

California Drivers License Template PSD New 2020

USA Driving License Psd Templates Fully Editable Photoshop Template said...


California Drivers License Template PSD New 2020

Fake Drivers License PSD Templates said...

visit to my blog

Fake Drivers License PSD Templates said...

california drivers license template download link
new california drivers license template
California Drivers License Psd Template New
visit to my blog
visit to my blog

miawri said...

Hi There,
Thank you for sharing the knowledgeable blog with us I hope that you will post many more blog with us:-
Best quality banknotes is the best place where you can fulfill all your document-related requirements and needs. With us, you will all kinds of fake documents
Email:bestqualitynote@gmail.com
Click here for more information:- more info/

miawri said...

Hi There,
Thank you for sharing the knowledgeable blog with us I hope that you will post many more blog with us:-
We are the best producers of genuine Data-base registered id cards. We process both real and fake ids.We have sophisticated means to issue registered real ID cards.
Email:info@genuinedocumentcenter.com
Click here for more information:- more info

miawri said...

Hi There,
Thank you for sharing the knowledgeable blog with us I hope that you will post many more blog with us:-
korova carts are top notch, top rated and noteworthy so on the off chance that you need fun with style. This is sufficient to give you full help.
Email:sales@big-smokes.com
Click here for more information:- more info