МАЛКИ МОМИ ПО ДРУМ ШЕТАТ
Малки моми по друм шетат,
по друм шетат, цвеќе берат.
По друм шетат, цвеќе берат,
цвеќе берат, китки китат.
Цвеќето се подотвара и
на моми проговара:
-берете ме малки моми,
китете си руси глави.
Китете си руси глави,
по друм не ме оставајте.
По друм не ме оставајте
и на момци не давајте.
No comments:
Post a Comment