Трба трби Гевгелија
Трба трби Гевгелија,
сите Турци надавија.
Сите Турци надавија
од јунака Леонида.
Цар испратил до три војски,
до три војски сè тирански.
Прва војска - гевгелиска,
втора војска е дојранска.
Втора војска е дојранска,
трета војска е Струмичка.
Ќе го барат Леонида,
Леонида баш комита.
Го бараја во Богданско,
го најдоја во Ѓавочко.
Го најдоја во Ѓавочко,
во Ѓавочко, во Ѓурѓов дол.
Јунак лежи в' постелата,
срце му е динамита.
Срце му е динамита,
в' раце држи револвера.
Бој започна од сабајле,
од сабајле, дур до вечер.
Триста души убиени,
а ранети неброени.
Проговара јузбашија:
- Еј јунаку Леонида,
предај ми се ти на мене
да те видам кај Султанот.
Тој да види каков јунак,
ќе ти даде многу пари.
Одговара Леонида:
- Слушај мене јузбашијо,
елај ваму, понаваму,
да ти кажам два-три збора.
Да ти кажам два-три збора
два-три збора македонски.
Голем страм е за комита
жив да падне в турски раце.
Таква правда - турска правда,
три илјади на тримина.
Останаја два патрона,
еден за теб, втори за мен.
Си извади револвера,
па го стрела јузбашија.
Па го стрела јузбашија
и на крајот сам се уби.
Живот даде Леонида
за Македонија мила.
Васка Илиева
Јанко Узунов
October 24, 2013
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment