July 27, 2013

Карпошевото востание 7. дел

Драган Ташковски КАРПОШЕВОТО ВОСТАНИЕ

TEKOT НА ВОСТАНИЕТО И НЕГОВИОТ ПОРАЗ

Тешките услови во кои живееше селанецот и рударскиот работник во Македонија доведоа дотаму што тие, препуштени сами на себе, беа присилени да се фатат за оружје и ги бранат своите загрозени животи. Народот кој ја гледаше слабоста на турската управа, особено по претрпениот пораз во Критската војна 1644—1669 година, почна да се одметнува во поголеми групи во шума. Дивата и тешкопроодната криворечка клисура како и другите предели сo своите вековни дрвја ги правеа овие краишта добри гнезда за ајдуци, од каде беа напаѓани обесните турски зулумќари. Мнозина од прочуените патешественици од тоа време пишуваат за ова одметнување на христијанското население по шумите, од каде тоа се светеше на турските зулумќари. Евлија Челебија, еден од видните турски патешественици од тоа време, вели дека по градските тврдини често можело да се видат како стрчат ајдучки глави набиени на маждраци, а кога во 1661 година заминал низ Битола, чул дека некој ајдук со 500 души врлувал во околијата на истиот град. Спрема патописот на Челебија, истиот ајдук со својата дружина, без никаков страв, на очиглед на Турците, влегол во Битола, при кое влегување ги искршил вратито на безистенот, награбил стоки во вредност од 70.000 гроша и со веселба се оддалечил од градот низ полето. Меѓу останатите краишта каде се наоѓале ајдуци, Евлија Челебија го приведува и Паланечко. Во овие краишта легендарниот Карпош во наредните години, ја водеше својата дружина.

Поразот на Турците пред Виена 1683 година, а подоцна сојузот меѓу Австрија, Полска и Млетачката Република, склопен против Турција, го нарасна одушевуваљето кај народот на Балканот за борба против турската управа. Сојузничкиге војски за кратко време успеаја да заземат големи територии во Средна Европа и на Балканот, Млечаните успеаја да ја заземат цела Далмација и да проникнат во Грција. Сите овие настани уште повеќе го подигнаа духот кај македонското население и ја засилија решеноста за борба и ослободување.

Како резултат од неуспесите на надворешниот фронт, во внатрешноста на турската империја дојде до низа нереди и разложувања. Во средината на самата турска војска настанаа нереди, кои беа насочени против централната власт. Нередите достигнаа дотаму што и султан Мохамед III во 1687 година беше детрониран, а на негово место беше поставен брат му Сулејман. Во ваква положба, a пред натискот на сојузничките војски, кои за неполни пет години ја зазедоа цела Унгарија и Белград и војната ја пренесоа на Балканот, турските башибозуци (7) почнаа панично да отстапуваат. Никој од Турците во овие услови не беше сигурен дека задолго ќе се задржи на Балканот и затоа секој пљачкаше и грабаше сè што можеше повеќе. Чиновниците кои ја користеа. анархијата ги учетворостручија даноците над христијанското население. На сила турските чиновници го прибираа и она малку храна и пари што се наоѓаше кај населението. Положбата стана таква што цели села и населби„ особено тие покрај патиштата каде што царската војска поминуваше, наполно опустеа. Од друга страна, самоволијата на: феудалците, административните службеници и јаничарите спрема слабата централна власт во ова време достигнаа дотаму што мнозина од нив се одметнуваа од царот и се прогласуваа за независни од Портата. Како такви чинеа големи зулуми на населението. Еден од злогласните одметници, кој најповеќе дозлогрди на народот во Македонија и Поморавјето кон крајот на XVII век, беше злогласниот Јегин-паша, кој хараше по овие краишта од 1687—1689 година со своите 10.000 одметници. За зулумите што ги вршеше Јегин-паша во овие краишта и самиот католички надбискуп Богдани од Скопје на 28 V 1688 година испрати до Конгрегацијата за пропаганда во Рим материјали за овој злогласен одметник.

Целата оваа положба во Македонија и соседните земји беше таква што рајата, христијанското население, беше лишена од секаква заштита. Meѓy сочуваните документи од тоа време наоѓаме дека христијанското население често пати се жалело до султанот и барало негова заштита од злочинечкиот однос на административните службеници, спахиите и одметниците. Но овие оплаки обично завршувале со неодѕивање од централната власт да излезе во пресрет на истите или пак султанот издаваше понекој ферман до надлежните органи на теренот, а овие тој ферман не го исполнувале. Наоѓајќи се во ваква анархична положба мнозина од селаните, за да ги сочуваат барем своите животи, често пати самите преминуваа под закрила на некој силен Турчин, прилепувајќи ги своите земји кон неговите и претворајќи се самите постепено во чифлигари. Положбата во империјата стана веќе таква, што животот не беше со ништо гарантиран. Оттаму во ова време и голем број одметници и ајдуци од средината на хрисгијанското население, кое што се дигаше да го брани својот гол загрозен живот.

Ваква тешка положба дозлогрди на христијанското население на Балканог, како и во Македонија. Co напрегнато внимание масите во Македонија ги следеа сите порПзи на Турција во борба со сојузниците. Тие чекаа згоден момент за да се дигнат масовно на оружје. И кога австриските војски, под командата на маркграфот Лудвиг Баденски, длабоко проникнуваа на Балканот, македонското население од северо-источните краишта. Кратово, Крива Паланка, Куманово, Скопска Црногорија, листом се дигаше на оружје. Селаните и рударите застанаа рамо до рамо да се борат против душманите. На чело на востанието се постави неколкугодишниот ајдук Карпош.

Востаниците веднаш отпочнаа немилосрдно да се пресметуваат со Турците. Тие отпочнаа да ги напагаат насекаде турските утврдени места и караули и почнаа да заземааг дури и градови. Поради масовноста на ова востание, овие краишта за кратко време беа очистени од Турците. Востанииите на овој простор станаа потполни господари. Самите успеси на востаниците ги привлекуваа сè пошироко масите да се придружат кон Карпоша. Селаните наоружани со секири, коси, вили, тојаги и друго успеаја за кратко време да се справат со наоружаната турска војска и турски службеници. За постигнатите успеси од страна на вистаничките војски може да се види и од самиот акт со кој е назначен Халил-паша да води операции против востаниците, во кој меѓу останатото пишува:

„...поради ссединувањето на неверната раја, подбуцната од немските неверници, што ги напаѓа и зазема нашите градови и села на качаничката страна, кое се проширува од ден на ден. Покрај тоа, на овие разбојници и ајдуци што се појавија пред неколку години им се стави на чело како водач и заповедник проклетиот Карпош, кој што по своето барање беше назначен за „књаз од Куманово“ од страна на немскиот цар, кој што му испрати и калпак. На тој начин австрискиот цар ги придоби разбојниците-ајдуците и неверната раја и така ги освоија Крива Паланка (Егри Паланка) и Куманово.“ (8)

Продолжува

7. Нерегуларни доброволечки турски чети познати по насилба и недисциплинираност.
8. Die Freiwillige Theilnahme der Serbien und Kroathen, стр. 228-229

No comments:

Post a Comment