July 17, 2013

МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЛАТА НА СЛОВЕНЕЧКАТА СЛИКАРКА АЛАНКА ГЕРЛОВИЧ (1919-2010)

„ПОСАКУВАВ ДА ЈА ВИДАМ, ДОЖИВЕАМ И ДА ЈА СЛИКАМ ДАЛЕЧНАТА ЗЕМЈА НА МОЈОТ КОПНЕЖ. ТОА БЕШЕ МАКЕДОНИЈА!“ – АЛАНКА ГЕРЛОВИЧ


АЛАНКА ГЕРЛОВИЧ Е РОДЕНА ВО ЉУБЉАНА ВО 1919 ГОДИНА, СВОЕТО ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ГО СТЕКНУВА ВО „АКАДЕМИЈА ЗА ЛИКОВНИ УМЕТНОСТИ“  ВО ЗАГРЕБ, КАЈ ПОЗНАТИТЕ ПРОФЕСОРИ КРСТО ХЕГЕДУШИЌ – ЦРТАЊЕ И ВЛАДИМИР БЕЦИЌ – СЛИКАЊЕ.


ПО ДИПЛОМИРАЊЕТО ТАА СЕ ВРАЌА ВО ЉУБЉАНА, НО НАБРЗО ПО АПСЕЊЕТО НА НЕЈЗИНИОТ ТАТКО, ВО ПОЧЕТОКОТ НА 1944 ГОДИНА, ЗАМИНУВА ВО ПАРТИЗАНИ, КАДЕ ШТО РАБОТЕЛА ВО ГРАФИЧКО СТУДИО.


ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ЖИВЕЕ И РАБОТИ ВО ЉУБЉАНА КАКО ЛИКОВЕН ПЕДАГОГ.


ЕДЕН ОД НЕЈЗИНИТЕ  НАЈПЛОДНИ ПЕРИОДИ Е ВРЕМЕТО КОГА  ОДМОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПОМЕЃУ 1953 - 1957 ГОДИНА И ПОСЕТИТЕ НА  БИТОЛА, ПРИЛЕП, СКОПЈЕ, ОХРИД И БРОЈНИТЕ НАШИ СЕЛА, ГИ КОРИСТИ ЗА БРОЈНИ НЕЈЗИНИ ДЕЛА.


ОВОЈ „МАКЕДОНСКИ ЦИКЛУС“,  ОПФАЌА ПРЕКУ 600 ДЕЛА ВО ОПУСОТ НА СЛИКАРКАТА, И ПРЕТСТАВУВА ПОСЕБНО ПОГЛАВЈЕ ОД НЕЈЗИНАТА КОЛЕКЦИЈА. ВО 2003 ГОДИНА ГЕРЛОВИЧ ДЕЛ ОД КОЛЕКЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИТЕ ЦРТЕЖИ„ ГИ ПОДАРУВА НА СЛОВЕНЕЧКИОТ ЕТНОГРАФСКИ МУЗЕЈ.


ТАА ЗА СВОИТЕ ДЕЛА  ИНСПИРАЦИЈА НАОЃАШЕ  ВО МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА НОСИЈА, ЖИВОТНИТЕ КАКО И ВО АРХИТЕКТУРАТА ВО МАКЕДОНИЈА. ПРЕКУ НЕЈЗИНИТЕ СЛИКИ МОЖЕ ДА СЕ  НАПРАВИ ПАТУВАЊЕ НИЗ МИНАТОТО НА МАКЕДОНИЈА. ВО СПОМЕН ОСТАНА И  НЕЈЗИНАТА МИСЛА:

„ПОСАКУВАВ ДА ЈА ВИДАМ, ДОЖИВЕАМ И ДА ЈА СЛИКАМ ДАЛЕЧНАТА ЗЕМЈА НА МОЈОТ КОПНЕЖ. ТОА БЕШЕ МАКЕДОНИЈА.“


НЕЈЗИНАТА ИЗЛОЖБА  „ЦРТЕЖИ ОД МАКЕДОНИЈА“ БЕШЕ  ПОСТАВЕНА ВО МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА ВО 2001 ГОДИНА, КОГА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ИМАШЕ МОЖНОСТ ОДБЛИСКУ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕ СО ДЕЛАТА НА СЛОВЕНЕЧКАТА АКАДЕМСКА УМЕТНИЧКА.


ОВАА ИЗВОНРЕДНО ЗНАЧАЈНА  ЛИЧНОСТ  ЗАСЛУЖУВА ПОСЕБНО МЕСТО ВО МАКЕДОНСКАТА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ.

Благојче Андонов

Македонска Ризница, број 6

No comments:

Post a Comment