December 18, 2012

Ставање на Крушево во вреќа

Непосредно по Илинденското востание, францускиот весник La Vie Populaire на 25 септември 1903 година, целата насловна страна ја посветува на случувањата во Крушево по задушувањето на востанието од страна на османслиската армија:

"Ставање на Крушево во торба

Прикази (се однесува на илустрацијата) направени од еден од нашите дописници, од главните улици на несреќното место (Крушево), по убиствата и грабежите од страна на турските војници..."

"La mise a sac de Kruchevo

Vue prise par un de nos correspondants d'une des rues principales de la malheureuse site, apres les tueries et le pillage par les troupes turques. On sait que ces horribles episodes viennent de motiver les protestations menacantes de la Russie et de l'Autriche, a l'adresse de la Porte."

Потаму во овој број од весникот La Vie Populaire се прикажани и две фотографии поврзани со Македонија и Македонците:

"На Балканот.
Македонски бегалци-бунтовници во планината Рила, производуваат динамит."

"Dans les Balkans.
Insurges macedoniens refugies dans les montagnes de Rilo et fabriquant de la dynamite."

"На Балканот.
Пристигнувањето на трупа на редовни турски војници во Скопје (Ускуб). Парадираат на градските плоштади."

"Dans les Balkans.
Arrivee d'une troupe de regulier turcs a Uskub. Revue passee sur une des places de la ville."

Овој број од весникот La Vie Populaire сега може да се купи за цена од 19 американски долари (а на други места за 19 евра). Кога се работи за историјата на Македонија, оваа цена за Министерството за култура на Македонија и музеите на Македонија не би требало да претставува никаков проблем и е минимална по секакви стандарди. Се надевам доколку во македонските музеи не е зачуван овој значаен за Македонија број од весникот, ќе се потрудат истиот да го најдат и купат.

Александар Стеванов

No comments:

Post a Comment