УЛОГАТА HA СНОФ И СНОВ ВО РАЗБИВАЊЕТО НА КОНТРАЧЕТНИШТВОТО ВО КОСТУРСКО АКТИВНОСТА НА СНОФ ВО БОРБАТА ЗА РАЗОРУЖУВАЊЕ 3
НА КОНТРАЧЕТНИЦИТЕ ВО КОСТУРСКО
РАСФОРМИРАЊЕТО НА СНОФ И НЕГОВИТЕ ПОСЛЕДИЦИ
Ташко Мамуровски
Секако, еден од најзначајните настани за организацијата СНОФ во Костурско беше одржувањето на нејзината прва редовна конференција во селото Д'мбени на 12 април 1944 година. На неа учествувале 500 делегати од организацијата СНОФ, гости од ЕАМ и EЛAC на округот, од Западномакедонското биро на КПГ и од други ослободителни организации.
Значењето на оваа конференција се состои во тоа што таа донесе неколку важни решенија за задачите во врска со понатамошниот развој на борбата. Организацијата СНОФ во Костурско покрај другите задачи ое обврзува:
1. Да ја помага EЛAC и СНОВ со сите можни средства во борбата против окупаторот и домашните предавници;
2. Да ја напаѓа секоја реакција;
3. Да организира разузнавачка и контраразузнавачка служба во селата на реакцијата;
4. Да ги исчисти организациите на движењето на отпоро од сомнителни шпионски елементи;
5. Да ги омасовува основните организации на СНОФ и други.
Меѓутоа, брзото зголемување на бројот на членовите во СНОФ, а со тоа и масовното вклучување на Македонците од Костурско и Леринско во антифашистичката борба, сериозно ги вознемири раководствата на КПГ и ЕАМ за Костурско и Леринско, a се чини дека и повисокото раководство на КПГ, поради што кон крајот на април 1944 година тие донесоа решение да се расформира СНОФ. Се даде образложение дека наводно СНОФ штетно влијае врз омасовувањето на грчките маси во организациите на ЕАМ. Но тоа беше само изговор. Вистинските причини за расформирањето на СНОФ се сосема други. Имено, како што дознавме и на друго место, раководството на КПГ и ЕАМ во текот на НОБ (1941—1944) постојано правеше големи напори да најде заеднички јазик со грчката дссница во земјата и со владата во бегалство со цел да се спогоди со нив заеднички да го постигнат т. н. „национално единство" на грчкиот народ. Меѓутоа, за да се постигне ваквото единство беше потребно раководството на КПГ и ЕАМ да прави отстапки во корист на грчката влада во бегалство и на граѓанските партии. Еден од резултатите на ваквото настојување беше постигнатиот договор меѓу EЛAC и силите на Зервас на 24 февруари 1944 година во Плака (Епир) за прекин на непријателските борби меѓу единиците на EЛAC и на Зервас во Епир што започнале во почетокот на октомври 1943 година.
Раководството на КПГ, покрај постигнатиот договор за прекин на непријателските борби со единиците на Зервас во Плака, се согласи да ги продолжи преговорите за постигнување целосно политичко единство. Но за да се ооздадат услови за преговарања, КПГ, покрај другите отстапки што ги правеше во корист на десницата, кон крајот на април 1944 година донесува решение за расформирање на македонската организација СНОФ (178). Co еден збор, раководството на КПГ за да може да го постигне „националното единство" на грчката нација бесрамно ги жртвуваше интересите на македонскиот народ. (179)
Како што и се очекуваше, ова неоправдано и ултимативно решение на КПГ за расформирање на СНОФ било правилно толкувано од македонските комунисти и борци како антимакедонски акт на игнорирањс на националните чувства и револуционерните стремежи на Македонците од овој дел на Македонија. Се разбира, тоа предизвика многу тешка и крајно напрегната ситуација во односите на КПГ, ЕАМ и EJIAC со Македонците во Костурско и Леринско. (180)
Како што покажаа настаните што наследија, организацијата СНОФ им беше потребна на КПГ и ЕАМ само како инструмент за борба против големобугарската пропаганда и контрачетниците, коишто исто така ги „загрозувале" грчките позиции и интереси во Егејска Македонија. Овој дискриминаторски однос на раководството на КПГ и ЕАМ спрема СНОФ и македонскиот народ произлегуваше од големо-грчките шовинистички тенденции, од коишто не беше ослободена ни самата КПГ. И затоа таа сноси непомала историска одговорност од бугарската влада за создавањето и ширењето на автономистичкото движење во овој дел на Македонија. Зашто, со расформирањето на СНОФ, раководството на КПГ, навистина создаде поволни услови за брзо ширење на движењето за „автономна Македонија", овој пат под раководство на Ванчо Михајлов и под патронат на „мајка Бугарија“, a со благослов на Германците, што, се разбира, опасно го загрозуваше „грчкиот карактер“ на Македонија.
He спроведувајќи ја сопствената линија за рамноправност, туку зборувајќи за рамноправност во иднипа, односно по победата над окупаторите, раководителите на КПГ, ЕАМ и EЛAC им го одземаа природното право на Македонците да се организираат и да се борат за својата слобода и тоа токму во дадениот решавачки и револуционерен историски миг, кога народите ќе дојдеа до ослободување со сопствена борба и до победа над окупаторите.
Решението на КПГ за распуштањето на СНОФ не е никаква случајна грешка, туку основен составен елвемент на точно одредената политика на разбивање на македонското ослободително движење. Официјалното објаснение што тогаш беше дадено од страна на КПГ дека СНОФ наводно создава недоверба кај грчките маси, исклучено е да се зема како вистинито, зашто се знае дека припадницито на СНОФ се боpea заедно со грчките соборци во редовите на КПГ, ЕАМ и EЛAC и дека токму тие припадници на СНОФ го разбија контрачетничкото автономистичко движење во Егејска Maкeдонија.
Крај
[Обработка А.С. скен: Македонска Библиотека]
----------
196 Ристо Кирјазовски, Македонски национални институции во егејскиот дел на Македонија..., стр. 31.
197 Истото, стр. 58.
198 Досега не е пронајден документ за денот на расформирањето на СНОФ во Костурско. Меѓутоа, од настаните и од постојните документи може да се претпостави дека СНОФ бил расформиран кон крајот на април 1944 година.
179 Како што рековме и погоре, решението на КПГ за расформирањето на македонската организација СНОФ за грчкото раководство на отпорот претставуваше уште една отстапка пред грчката реакција за да се постигне по секоја цена „национално единство" со грчките буржоаски партии и со владата во бегалство, со коишто тоа во мај 1944 година водеше преговори. Се разбира, Македонците не можеа да се согласат со таквата политика на КПГ и остро реагираа. 3a да се ликвидира отпорот на Македонците во Костурско и Леринско раководсгвото на КПГ презеде ред терористички мерки. КПГ ги уапси членовите на Окружниот комитет на СНОФ за Костурско - Паскал Митревски, Лазо Дамовски-Ошенски и Лазо Поплазаров и за превентива ги одведе во седиштето на IХ-та дивизија на EЛAC во селото Жупан, Анаселичка околија. Види: Проглас на одредот на ЕЛАС „Вичи" до Македонците во Корештата, Костуроко, во којшто се осудува отцепувањето од ЕЛАС на групата македонски борци, коешто беше реакција на решението на КПГ за расформирање на СНОФ. КПГ и македонското национално прашање 1918—1974 годинa ..., док. 65, стр. 183. Истото. Извештај на Окружвиот комитет на КПГ за Костурско до Македонското биро на КПГ во врска оо настанатата ситуација во околијата по отцспувањето на групата македонски борци од ЕЛАС. Истото, док. 73, стр. 199. Меѓутоа, Македонците од реонот на Корештата остро протестирале поради апсењето на македонските раководители на СНОФ од страна на КПГ. Истото, док. 75, стр. 201, заб. 85.
180 Во знак на протест, една група македонски борци на чело со Наум Пејов на 16 мај 1944 година се отцепила од единиците на ЕЛАС и преминала во вардарскиот дел на Македонија. Македонските борци од Костурско ја продолжиле борбата против окупаторот во составот на партизанските единици од Вардарска Македонија. Во наредните денови КПГ ќе ги прогласи нив како предавници и носители на расцепот меѓу Грците и Македонците. Раководството на КПГ не правеше никаква разлика меѓу македонските комунисти-борци и грчките реакционерни единици, коишто верно им служеа на окупаторот. КПГ ги прогласи за предавници, дезертери, автономисти, соработници на окупаторот итн. оние македонски борци, коишто најверно бараа од КПГ да го коригира својот неправилен однос спрема Македонците и воопшто спрема македонското национално прашање. И навистина, кога би се анализирале подлабоко настаните од тоа време, ќе се дојде до заклучок дека македонскитс борци што преминале во вардарскиот дел на Македонија, а и тие коишто чесно се бореа во редовите на ЕЛАС, всушност беа против неправилната политика на раководството на КПГ по македонското национално прашање, а самиот расцеп беше прва последица од долгогодишната опортунистичка тактика на КПГ по македонското прашање. Егејска Македонија во НОБ 1944—1945, Т. I..., док. 106, стр. 120.

No comments:
Post a Comment