November 25, 2012

Востанието на Петар Делјан (1040-1041), 3. дел

Востанието на Петар Делјан (1040-1041)

Извадок од третиот том на капиталното дело „Средновековна Македонија“ (стр. 51-60) од авторот проф. д-р Бранко Панов.

ВОСТАНИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ХI ВЕК

1. ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН (1040—1041)

Царот Петар, ставајќи се на чело на поголемиот дел од војската, се упатил кон Солун. Изненадениот византиски император, кој се уште се лекувал во овој град, избегал во Цариград. Нему не му пошло од рака дури ни да го однесe своето богатство. Сиот багаж, шаторот заедно со златото, среброто и алиштата, му ги оставил на Мануил Ивец, еден од неговите блиски луѓе, тој да му ги донесе. Меѓутоа, Мануил Ивец, кој по сè изгледа бил син на Самуиловиот војвода Ивец, кој доста долго му давал отпор на Василиј II, заедно со евнухот Китонит и довереното богатство, им се придружил на востаниците.

Паничното бегство на болниот император предизвикало дезориентација во редовите на византиските воени единици што биле сконцентрирани по балканските теми. Искористувајќи ја ваквата ситуација, а и се поголемото незадоволство на потчинетото македонско, бугарско, српско, влашко, грчко и албанско население, Петар Делјан упатил свои војски на повеќе
страни.

Една војска, под командата на Антим, испратил на југ во темата Елада. Антим се спуштил длабоко во средна Грција и достигнал дури до градот Тива. Тука бил пресретнат од силна византиска војска командувана од Алакасевс. Победил Антим. Голем број тиванци биле убиени.

Востанието се проширило к во Новпактската тема. која се наоѓала јужно од Драчката тема, на местото на стариот Епир. Со исклучок на Новпакт, целата тема била ставена под власта на царот Петар.

Главната причина за прифаќањето на востанисто од населението на Новпактската тема, според Скилица, се состоела во тоа што практорот Јован, кој дошол од Цариград за да ги собира државните даноци во темата, пројавувал голема алчност, па поради тоа жителите се побуниле и го исекле на парчиаца. Ним им бил омразек и императорот, па затоа со одушевување му се придружиле на Делјана.

Охрабрен од победоносниот тек ка востанието, Петар Делјан се готвел да го нападне Солун. Во Тесалија успеал да ја заземе Деметријада, град кој се наоѓал на северниот брег на Пегејскиот Залив (денешен Воло). Освен тоа, Кекавмен известува дека и Сердика (Софија) паднала под власта на Делјана.

Со проширувањето на востанието во средна Грција. Албанија. Србија и Бугарија, под власта на царот Петар се наоѓала веќе една голема територија во која покрај Македонците живееле и Бугари, Срби, Грци, Власи и Албанци. Составот на востаниците покажува дека на сите не им биле исти побудитс што ги натерале да се дигнат против „ромејското господство“ . Грчкото населсние, на пример, очекувало од победоносното свршувањс на востанисто ослободување од „прекумерните даноци“. Сево ова зборува дека востанието на Петар Делјан имало и народноослободителен и антифеудалсн карактер.

Брзото ширењс на востанието предизвикало незадоволство по високитс кругови на Цариград. Погоден од тоа, императорот „решил да тргне во поход против нив (востаниците) и да застане на чело на целата војска“ — пишува Псел.

Откако се ставил на чело на одбраната војска, императорот се упатил во Максдонија. Во меѓувреме „додска уште траела војната — известува Псел — се случило нешто доста чудно“, зашто најубавиот Аронов внук Алусијан, кој бил „со блескав ум“ станал причина „за победа на императорот, без самиот да го сака тоа, но стремејќи се токму кон обратното“. Имено, кон крајот на 1040 или почетокот на следната година, Алусијан, вториот син на Јован Владислав (1015—1018 г.), кој бил патрициј и стратег на Теодосипол, град во Ерменија, избегал со цел да им се приклучи на востаниците во Македонија. „Кога научил — вели Псел — што станува со неговиот народ и дека поради немање на царски потомок си одбрале (востаниците) да ги управува незаконороден и невистински цар, тој презел една голема дрскост. Ги презрел своите деца, ја заборавил нежноста на жена си и без да му го довери на некого од нив своето решение, ... се упатил на запад од Далечниот Исток“. Преоблечен, Алусијан отишол во Цариград, а оттука скришно избегал и им се придружил на востаницитс во Острово, каде што бил Делјан со својата војска.

Петар Делјан го примил Алусијана и, оставајќи му под команда 40.000 војници, го испратил да го преземе Солун. Градот бил добро утврден и бранет од опитна војска под команда на управникот на Солун патрицијот Константин. Последниот му дал силен отпор на Алусијана. Набргу Алусијан станал жртва на својата воена тактика. Бсз да ја постави опсадата на здрави основи, тој почнал веднаш да го напаѓа градот. Меѓутоа, византиските војски ненадејно изглегле од градот и ја разбиле војската на Алусијан.

Алусијан во логорот на Петар Делјан во Острово (митијатурата од Мадридскиот ракопис на Јован Скилица)

No comments:

Post a Comment