June 8, 2012

Раѓањето на Александар Велики

Раѓањето на Александар Велики (собрано од Кирил Пенушлиски)

Чедо си нема цар Филип
Чедо си нема девет години,
Желба му е останало,
Останало дур на бога.
Наврвило цар Филипа
Да му иде на ордија,
На ордија на оскета.
И ми рече цар Филипа:
Чуеш ли ме, прво љубе
Ја ќе седам на ордија,
Ја ќе седам една година
Кога дојда да те најда
с машко дете в раките.
Силно и се заканило:
-Ак не најда машко дете,
Ав раката ти да носиш,
До там си е тој живота.
Пак отиде цар Филип,
Забави се, бре, година.
Пак се чуди прво љубе,
Как да стигне машко дете,
Заминаха биларето,
Биларето екемџие,
Потерева цар Филиповица,
Порука ги на дворове,
И ми рече цар Филиповица:
- Имате ли лек за мене некој болка,
Да заходем малко дете?
Тогај рече екемџиа:
- Ќе ти давам една биљка,
Јаз ке дојда кога мркне,
Немој мене да изгониш,
Ем застани ходајата,
Там да спием таја ноќе,
Тога што веќе затегнеш.
Отиде кога мркна,
Не го изгонила ванка,
Затвори го ходајата,
Те ми спиет шест сахата.
Пак си стана биларане,
Отиде си оде дојде,
Замина се годината,
Царица е затегнала,
Машко е дете породила,
Сос прстен на раката,
На пстене бе исписан
И как да го крстат:
Крстиха го Александро.
Кога се е породило
И коњ му се ождребило.
Коње му е бележита:
Нозе има до ушите,
Крила има до плешките.

Расли ми салам порасли,
Станали са два јунаци.
И погине цар Филип,
И му седна на столнина

Александро чедото му,
Да царува да повеља
Таја земе и крајнина.
Дочуло е цар Хируда,
Та ми прати това бакшиш
Еден товар празово семе,
И му прати една трака,
Една трака, една жура.
Досети се Александро,
И тој му е бакшиш пратил:
Два товара от пипер семе.
Достигнаха два товара,
Достигнаха до цар Хируд,
Пак се сети цар Хируда:
Што е малко не се лаже,
Тој ќе дојде с повеќе оске.
Ајде ние да идеме,
Да идеме на панагир
Тамо јунасто да чиниме.
Излезова два јунака од два цара:
Упасова от цар Хируд негов сина
Упасова остра сабе,
Припустноват на кошие.
Ни ми стигна Александро,
Запреха се на друмове,
Тогај рече Александро,
Карај сега ти напреди!
Как закара тој напреди
По него иде Александро:
Като пусна брза коња,
Та го распра сас рогове,
И коње му и човека.
Сите ми се почудиха
И рекоха на панагир:
- Цар ќе биде Александро
Пак отиде до дома си
Коласа го цар Хируд
Да му земе царштината.
Отговори Александро:
-Ако сакаш да се бием
И ти збери силна оске.
Уплаши се цар Хируда,
Јак излезе Александро
Та му отне царштината.
Пак ми броди по земета
С пет стотин силен аскер,
Та ми броди от град на град,
Сичка земе посвоило,
Да ми седе да царова.
Пак отиде Александро
На крајнина в темна земе
Там имаше една вода,
Една вода таја река,
Та имаше тое риби,
Как ходеха по водата,
Там не може да замине,
Нето човек, не добитак
Там се чудет три дни време,
Та имаше два јунака
Два јунака на воскета
Имаха си затворено,
Стари татко ав сандака.
Питаха го до два брата:
- Чуеш ли ме, наши татко!
Научи ме , наши башта,
Как да минем през реката?
Отговори стари старец:
- Навалите до два огња,
Нажежите камењето,
Нафрлите ав реката,
Да се тргнат тие риби.
Тргнаха се, заминаха,
Заминаха през водата.
Де ги дочу Александро,
Та ги пита Александро:-
- Чуете ли, два јунака!
Кој ви учи, ум ви дава,
Што речете така станет,
- Тебе, царо, лажа нема:
Имаме си наши татко,
Затворено е в сандака,
Там го храним и го поим,
Тој на ичу, ум ми дава.
Кога беѓе нези заман,
Губеха се стари људи,
Зап учини Александро:
- Немој веќе да се губете,
Кога се умре сам от бога,
Кој не даде, тој ќе не и земе,
Пак отиде в темна земе,
Тамо најде жива вода.
Пак се врна Александро,
Та седело три години
На царштина, на столнина
Тој подрѓа сичка земе,
Сичка земе и краишта.
Заман дојде Александро,
Расходи се низ полето,
Тој имаше до две сестри,
Как си пиха жива вода,
Веќе тие ме умреха,
Отидоха в Бело Море,
Та се скриха од брата си,
Там си седат до денес дане,
Не умират, не становат.
Кога дојде Александро,
И коња наслужили жива вода напојили
И тој веќе не умира.
Пак пошета Александро
По друмове низ полето
С кафаџие чоадоре
Тамо стигна един старец,
Та ми кара дребан добитак,
Забахтал се ав азмака.
Тога рече Александро:
- Добро стигна. Ој ти старец!
- Дај бог добро, бре делио!
Те му рече Александро:
- Ајде , дедо, да врвиме!
- Де ќе врве, Александро!
Де ќе врве без добитак,
Тога рече Александро:
- Земте вие чоадаре,
Чоадаре кафеџие,
Извадите добитака,
От ќамура от батака.
Пуснаха се кафеџие
Да му извадат добитака,
Пак не может да го извадат.
Тога стана Александро,
Как ми фати добитака,
Та го здигна сос земета.
Тогај рече стари старец:
- Кој ти даде, Александро,
Кој ти даде таја јакост?
- Мене ми е Господ даде.
И му рече стари старец:
- Александро добар јунак,
Ги да влезеш дребан аскер,
Дребан аскер Господови:
Мушинките, комарете,
Можеш ли се од тех чуваш?
Тога рече Александро:
Ја поспи сичка земе,
Сичка земе и краишта,
Од тех мухи ни са бое.
Това не бе стари старец,
Ем си беше Риста бога,
Риста бога сам Христоса,
Ралма даде та си фркна на небото,
Па кондиса цар небесен
У рај божји посветени.
Пак си ходи Александро,
Пак си ходи трид дни и три ношти.
Та го гонат комарете,
Сан не му дават да заспие,
Леб не јаде три дни време,
Да замине това поле, тамо најде мајсторете,
Мајсторете дунгерето,
Това поле камен делат,
Камен делат за користо.
Тога рече Александро:
- Аман брате, от комаре,
Стој да легна в това камен,
Белке мога да се скрие,
Ав корито от камаене,
Де му влезет комарете:
В едно ухо тие влезат,
Те през друго излезова.
Там си умре Александро,
Ав камене от комаре.
Веќе му се довршило
Царство му се битисало.
Коње му е живо останало:
Пустиха го оф сазовето,
Оф сазовето ав Драмското,
Драмското в езерото
Там си живи до живота.
Тамо живи в езерото,
Тамо живи дур до днеска.
Това стори Александро.
Останала тае песна
Да се пои приказова.
От бога здраве, от мене песна.

No comments: