June 7, 2012

Судбо моја судбино

СУДБО МОЈА СУДБИНО

Судбо моја судбино,
судбо моја невернице,
што си, судбо, ме однела
в земја непозната,
сама да живеам, судбо,
вечно да црнеам.

В земја непозната, судбо,
при луѓе нелуѓе,
ни сонцето, ни месецот
не ми се познати,
ни сонцето, ни месецот
не ми се познати.

Земи, судбо, однеси ме
при мојата мајка,
да ја прашам, судбо клета,
што сум и згрешила,
та што ме омажи, судбо,
толку надалеку.

Васка Илиева

No comments:

Post a Comment