January 19, 2013

Црепнарски народни песни 2. дел

Милан РИСТЕСКИ (Прилеп)

ПРИЛОГ КОН ПРОУЧУВАЊЕТО НА ЦРЕПНАРСКИТЕ НАРОДНИ ПЕСНИ 2. дел

Во село Требино — Поречко црепни правеле од црна земја што ја носеле од местото „Чаилец“. Црепнарките од Требино ја испеале песната:

Невесто, ока калеша,
Припремај коња дорија
По црна земја д' одиме,
Земјени црепни да правиме,
Тие да бидат железни.
Невесто, ока калеша,
Засучи поли ракави
Црепните да си праиме.
Кога си ние тргнавме
По црна земја д' одиме,
Ситна ми роса зароси,
Тамна се магла зададе —
Невеста коња изгуби.
Писна ми млада невеста:
— Другари верни-неверни,
Темна ми магла замагли,
Брза си коња изгубив.
Од магла момче зборуе:
— Невесто, ока калеша,
Еве го коњо при мене.
Тогај невеста прозбори:
— Дејгиди, лудо будала,
Дај ми го коњо да ода
Црна земја да си донеса,
Железни црепни да права.

(Песната е забележена од Ѕвезда Крстеска од село Требино.)

Co газењето црепни е поврзан и грнчарскиот занает. Жената црепнарка, изнаоѓајќи начин да не и пукаат црепните, низ песна им се потсмева на грнчарите:

Црепнарки црепни правеа
И црепните им траеја,
Грнчари грнци правеа,
Грнците не им траеја.

(Песната е забележена во село Локвица од Јованка Синадиноска, 65 год.)

Ој, Јове, Јове, грнчарче,
Твоите црнци-црепови,
Нашите црепни-железни.

(Песната е забележена од Јованка Синадиноска.)

Во село Сланско — Порече девојките што се одмараат им пеат на оние што работат:

Црепнарки, црепни правеа,
Црепните да им се железни,
Грнчари грнци правеа,
Грнците да им се земјени.

Бидејќи газењето црепни е тешка физичка работа, во повеќе села црепни газат само девојките и младите невести. Обичај е, ако некоја девојка има намера есента да се мажи, да не гази црепни. Па затоа оние девојки што ги мрзело да работат, на повикот од другачките одговарале дека се мажат идната есен. Црепнарките од село Гостиражни — Прилепско за овие мрзливи девојки ги испеале песните:

Ајде, Бисеро, на црепни!
— He идам, другарки, не идам:
Татко и мајка си велеа
Годинава да ме даваат.

(Песната е забележена од Пројка Момироска од село Гостиражни.)

Црепногазачките од Сгровија ја испеале песната:

Калина кал газила —
Калците и изгубила,

а во село Загорани:

Заспала Стојна, се успала, —
Нејзините црепни заспани;
Нагиите црепни најарни,
Нашите црепни железни.

(Песната е забележена од Спасија Бришкоска, 66 год.)

Кога некој патник, случајно поминувајќи крај црепогазачките, ќе довикнел: „Аирлија, железни ви црепни!“, тие му одговарале: „Железна ти глава!“.

При правењето на црепните, бидејќи земјата се гази со нозе, a глината лесно се лепела по ѕиврите и по кошулите, девојките црепногазачки ги поткревале кошулите до над колена. Затоа Турците им биле постојани придружници, ги гледале седејќи скрснозе, пушејќи тутун и шмркајќи бурмут. Црепногазачките, најдувајќи се во непријатна состојба, пееле најразлични песни во кои ги навредувале Турците.

Пролетал орел карталес,
Поминал Турчин парталес,
Враќајте да го вратиме,
Ручек да му дадеме:
Желкини јајца пржени,
Желкино млеко квасено.

(Песната е забележена од Пројка Момироска од село Гостиражни.)

Црепогазачките во село Требино ја испеале песната:

„По небо лета орел крстатен,
По земја оди Турчин прталес,
Трчајте да го стигнеме,
За ручек да го вратиме,
Касап да повикаме,
Свиња да заколиме,
Ha пекар да однесиме
Глава да испечиме,
На Турчин ручек да дајме.“
Колку ми Турци дочуле,
Туѓа ми земја ватиле.

(Песната е забележена од Ѕвезда Крстеска, 50 години.)

Во село Подмол пееле:

Тоа шчо патем помина
Враќајте да го вратиме,
Ужина да му дадиме:
Од жаба сува пастрма,
Желкини јајца гајгари.

(Забележана од Јованка Аџиоска, 72 години.)

Во селото Коњари:

Црепнарки, млади девојки,
Газете да газиме
Нашите црепни железни.
Што лудо по двор помина,
Враќајте да го вратиме,
На црепни да го седниме,
Ужина да му дадиме
Желкини јајца гајгана,
Од овца лута ракија,
Од крава вино црвено.

(Песната е забележена во село Коњари од Пара Попоска, 48 год.)

Во охридското село Лактиње:

Што е она што пo друм врви,
Враќајте да го вратиме,
Ужина да му дадиме.
Штирено зелје варено.

(Песната е забележена од Менка Спасеска, 52 год., од с. Лактиње, Охридско.)

Црепнарките ги споредуваат Турците со орел крастати или карталест, бидејќи како што орлите брзо летале, така Турците, качени на своите, коњи, брзо доаѓале до местото каде што жените газеле црепни. Но штом ќе ги слушнеле овие непожелни песни, се разбегувале.
Црепнарките од село Загорани пеат и за македонските момчиња:

Дошол ми пеливан в село,
В село на сретсело,
Враќајте да го вратиме,
Кое моме сака да му го даделе,
Збирајте се моми мали и големи,
Ќе одиме на црепни.

(Песната е забележена од Спасија Ангелеска, 65 год.)

Преку црепнарските песни населението од Мариово го прикажалс аргатскиот живот по турските чифлизи во Полето:

Беговите вечераа,
Малото бекче не вечера,
Се налути, се насрди,
Оти бела Неда не е тука,
Она диван да му чини,
Она слуга да му служи,
Бела Неда ми се забавила,
Она црепни ми газила.

(Песната е забележена од Доста Димитриоска, 75 год., од село Градешница.)

При делбата на изгазените црепни се внимава секогаш секоја црепногазачка да добие тек црепни (3, 5, 7).

Па затоа, на пр., при делбата на црепните во село Штавица — Прилепско се пее песната:

Богдан се делеше
Од татко му,
Од мајка му,
Co еден чорап,
Co еден пинок.

(Песната е забележена од Најденка Петрева, 57 год., од село Штавица.)

Секој стих од овие песни се повторува и при повторувањето се извикува со ихи, ихи!.

No comments: