Востанието на Петар Делјан (1040-1041), 4. дел

Востанието на Петар Делјан (1040-1041)

Извадок од третиот том на капиталното дело „Средновековна Македонија“ (стр. 51-60) од авторот проф. д-р Бранко Панов.

ВОСТАНИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ХI ВЕК

1. ВОСТАНИЕТО НА ПЕТАР ДЕЛЈАН (1040—1041)

Според Скилица, Алусијан изгубил околу 15.000 војници. Мал бил бројот на оние кои бегајќи успеале да пристигнат кај Делјан во Острово, зашто голем број биле заробени. Меѓу избеганите се наоѓал и Алусијан.

Алусијановиот пораз го изменил текот на востанисто. Наскоро дошло до раздор во востаничките редови. И Делјан и Алусијан се подготвувалс за меѓусебно пресметување. Алусијан го испреварил Делјана. Приредил банкет, го поднапил и без да разберат неговите луѓе го ослепел. Набргу потоа, Алусијан ги оставил востаниците на милост и немилост и му се предал на императорот. Последниот го удостоил со магистерски чин и го испратил во Цариград кај Орфанотрофа.

Обезглавено, востанисто било осудено на пропаст. Слепиот Делјан не можел да ја спречи паниката што завладеала насекаде.

На византискиот император Михаил IV ие му било тешко да го ликвидира востанието. Откако во пролетта или летото 1041 година дошол од Мосинопол во Солун, тој всднаш се упатил кон востаничкиот центар во Остро во. Слепиот Делјан без да дава сериозен отпор бил фатен и испратен во Солун. Императорот сега се упатил кок внатрешноста на Македонија за да го докрајчи востанието. Во Прилепско тој сретнал отпор од војските на Мануил Ивец кој — вели Скилица — „кај Прилеп направил дрвена дема, со која мислел да го попречи подлабокото напредување на императорската војска и да ја задржи внатрешноста“. Меѓутоа. императорот бргу ја разрушил дрвената преграда и го заробил Ивец. Потоа, откако го „покорил и потчинил под своја власт востанатиот народ“ — вели Псел — и откако поставил стратези по темите, императорот се вратил во престолнината заедно со многу заробеници, меѓу кои бил и „нивниот незаконски предводник со исечен нос и извадени очи“. Заедно со Делјана бил одведен и Ивец. Триумфалниот пречек на императорот во Цариград означувал дека востанието на Петар Делјан било насекаде ликвидирано.

Постоеле повеќе причини за неуспехот на востанието. Главна и основна била таа што дошло до раздор во востаничките редови. Еден дел од раководителите на востанието, претставници на македонската феудална класа, се исплашиле од текот на востанието кое освен антивизантиски, ослободителен, се повеќе придобивало и антифеудален карактер. Појавата на Алусијан во востаничките редови уште повеќе придонесла да се разбијат востаничките редови. На страната на Алусијан поминале токму оние што го прифатиле востанието само од лични, а не и од општонародни интереси. Токму тие, заедно со Алусијан, по поразот кај Солун, побрзале да му се предадат ка императорот, за да ги зачуваат своите имоти и привилегиите.

No comments: