Александар Велики - консолидирање

Консолидирање на империјата

Поради тоа што многу сатрапи со одметнале од Александровата власт, погрешно наслушуваќи дека тој нема да се врати, Александар не му се придружил на Неарх, туку патувал по копно. Во периодот помеѓу 326 и 324 година пне, една третина од сатрапите биле сменети, а шестмина биле убиени. Тој дознал и дека Кировиот гроб бил раскопан и наредил да се фатат виновниците и да се напише: "О човеку кој и да си и од каде и да си - зошто ќе дојдеш, тоа го знам - Јас сум Кир, кој на Персијците им извојував власт затоа не земај ми го ова парче земја, кое што го покрива моето тело." Овие зборови оставиле длабок печат кај Александар затоа што сфатил дека се е минливо.

Во пролетта 324 година пне, Александар се вратил во Суса. По пат организирал натпревар во пиење, но за несреќа и оној кој што победил, а и мнозина други се разболеле од треска и набргу умреле. Таму тој дознал дека Харпал побегнал со неговите пари во Грција. Подоцна Харпал бил уапсен во Атина, но побегнал во Крит кадешто загинал. Во Суса Александар организирал свадба за изедначување на победниците и покорените народи при што 10 000 Македонски војници се ожениле со Персиски девојки, а Александар се оженил со Дариевата ќерка Статира. Овој настан бил наречен "Свадба на Европа со Азија". Со ова јасно се покажува дека Александар сакал да изгради светска држава на рамноправни народи.

Политиката на изедначување на народите не предизвикало воодушевување кај Македонците, но затоа пак Персијците многу го ценеле ова. Александар во својата војска зел 30 000 персијски момчиња кои што го изучувале неговиот начин на војување, а кога стигнале во Опис голем дел од Македонската војска бил пратен назад во родните краишта. Ова уште повеќе ги разгневило Македонците така што тие почнале многу да го критикуваат нивниот крал.

Овде била организирана и прослава за одбележување на крајот на Македонско-персиските несогласувања во која присуствувале 9 000 гости. Бидејки Александар се разжалостил кога видел дека неговите Македонци се почуствувале навредени и запоставени им дал богати дарови и ги испратил на што и самите тие биле задоволни. По долгогодишниот поход 10 000 ветерани заминале во Македонија.

Александар сакал да го замени Антипатер со Кратер, но тој умрел пред ова да се случи. Во есента 324 година пне во Ектабана, умрел и неговиот друг пријател Хефестион. Тој него многу го почитувал па затоа му направил величествен закоп во Вавилон кој што чинел 10 000 таланти и наредил да му се принесуваат жртви. Како жртва за Хефестион, во зимата 324 година пне Александар убил мнозина луѓе од племето Косејци.

Кога Александар се движел кон Вавилон во пролетта 323 година пне, на реката Еуфрат го пристигнал Неарх кој му рекол дека сретнал некои Халдејци кои порачале да му каже на кралот да не оди во Вавилон. Александар на ова не обрнал големо внимание.

No comments: