Александар Велики - враќање

Враќањето назад

Македонската војска била исцрпена од последната битка, од долгото лутање по непознатите краишта и преку Коен побарала да се вратат назад. Александар се почувствувал изневерен и многу се натажил оти нема да може да продолжи понатаму, но сепак ја почитувал нивната желба.

Пред враќање, Александар наредил во Хифас да се изградат 12 олтари за дванаесетте Олимписки богови, а на Хидасп биле изградени од 800 до 1 000 бродови. На враќањето назад Македонците се движеле по Петоречието со бродови, а половина од војската по крајбрежјето. Ниту ова патување не било без борба. Тие по пат покорувале многу градови но кога стигнале во градот на Малијците на брегот на реката Хидраот, Александар за малку не ја загубил главата. Кога тој почнал да се качува по скалата за да влезе во тврдината таа се скршила и тој паднал на земја каде што собрани биле многу Малијци. Тие почнале да го рануваат Александар со копјата, а потоа една стрела го погодила и му го пробила оклопот. Сепак со крајни напори на неговите пријатели и лекарите, Александар успеал да преживее.

Пловидбата низ петоречието траела седум месеци. Кога пристигнале во Патала, Македонската војска се поделила на два дела; Едниот дел бил командуван од Неарх и се движел по Индиското море, а другиот во кој бил и Александар се движел по копно.
Во земјата на Ориѓаните, Александровата војска ја снашла голема несреќа.

Сиромашната храна и болестите биле причина за смрта на многу војници, така што од војската не останала ниту една четвртина. Во септември 325 год пне Александар поминал низ Гедросија. Таму војската се одморила и добила храна во изобилие за што се погрижиле околните сатрапи. Потоа се упатил за Карманија и истата ја минал за седум дни. Таму во Александрија се сретнал и со Неарх кој што му соопштил дека и тој претрпел загуби. Александар сакал дури и да продолжи со него, но поради немирите во покраините до тоа не дошло.

No comments: