August 15, 2012

Прва македонска егејска бригада 2

Првата народноослободителна ударна бригада на HOB и ПОМ од Егејска Македонија

Благоја Талески

При крајот на јуни 1941 година под влијание на антифашистичкото расположение кај народот и со оценка дека Германија брзо ќе биде победена од страна на Црвената армија, Македонското биро на Комунистичката партија на Грција одлучи да се организираат партизански единици и да започне вооружената борба. Во јули и август 1941 година во повеќе места во Егејска Македонија беа формирани партизански групи а во првата декада на септември тие започнаа вооружени дејства против окупаторите и квислиншките власти. Најкрупен судир во тие септемвриски денови првтставува неподготвеното Драмско востание против бугарскиот фашистички окупатор, кое беше крваво задушено со над три илјади загинати, а десетици илјади жители беа принудени да ги напуштат своите огништа. Драмскитв настани и жестокото пресметување со востаниците и со народот ja разобличи велико-бугарската пропаганда за "ослободителната мисија" на Бугарија.

Окупаторот, со учество на квислиншкиот апарат, преземаше ригорозни мерки да го скрши отпорот уште на неговиот почеток, но во тоа не успеваше. Уште во јуни 1941 година, италијански специјални единици и единици на грчката фашистичка жандармерија извршија вистински поход против македонски, грчки и други села во кои дејствуваа антифашистички организации и групи за отпор. По акциите на партизанските групи и Драмските настани, окупаторот применуваше методи на масовни репресалии врз населението — апсења, прогони и стрвлање. На 16 октомври 1941 година во Крмско, Кајларско, беа стрелани 165 машки лица од 15 до 60 годишна старост. Наредните денови во Горно и Долно Крушево, Нигритско, беа стрелани 222 машки лица, а во Кукушко 96 лица. До декември 1941 година во Костурско беа уапсени и мачени 6.500, а стрелани 195 лица, а во делот окупиран од Германците бројот на стреланите изнесуваше 486 лица. Масовни беа стрелањата, апсењата и прогоните и во другите делови на Егејска Македонија.

Кон крајот на 1941 година, врз основа на одлука на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Грција, мнозинството партизани беа распоредени на политичка работа no своите места, или во други окупациони зони, така што наредниот период претежно беше користен за консолидација на организациите на Комунистичката партија на Грција и на народноослободителнотодвижење.

НА ИНИЦИЈАТИВА НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА ГРЦИЈА, во летото на 1941 година, се водеа преговори со други партии за единствен фронт во борбата против окупаторите, што се круниса со успех на 27 септември со потпишувањвто на Уставот на Народноослободителниот фронт на Грција—ЕАМ. Потписници беа Комунистичката партија на Грција — КПГ, Сојузот на народна демократија — ЕЛД, Социјалистичката партија — СК, Земјоделската партија — АК и некои други лево ориентирани личности. Водечките граѓански партии и личности од предвоена Грција до диктатурата на Метаксас, иако со нив долго време се преговараше, не учествуваа во ЕАМ, останаа настрана се до крајот на војната. Дел од нив му служеа на окупаторот.

Ширум земјата во 1941 и 1942 година беа формирани организации на ЕАМ и на другите антифашистички организации во кои се вклучија комунистите и другите партии и поединци кои изразија готовност да се борат за ослободување на земјата од окупаторот и за нејзина демократска преродба. Во земјата се вршеа диверзантски акции од вооружени диверзанти, а во 1943 се формираа регуларни и резервни единици на ЕЛАС.

Напоредно со засилувањeто на антифашистичкото ослободително движење, уште во текот на 1941, а особено од почетокот на 1942 година, започнаа да се активираат поединци и организации со националистички определби, претставувајќи се како бранители на грчкиот народ од фашистичкиот терор. Такви, меѓу другите, беа Националното демократско здружение — ЕДЕС, Националната и Социјална преродба — ЕККА, Заштита на Сeверна Грција — ИВЕ, која подоцна се преименува во Патриотска ослободителна организација — ПАО и други. Сите тие „во името на нацијата" апелираа за единство и поддршка во борбата против окупаторот, a наскоро се покажа дека повеќето од нив беа формирани од окупаторите со цел да дејствуваат против грчкото ослободително движење, против КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, a особено против Македонците.

Појавата и дејствувањето на овие организации одвреме навреме влијаеја делумно да се остварува програмата на окупаторот за застрашување и нерешителност сред грчкото население кое често пати наседнуваше на пропагандите и паролите на овие и други националистички профашистички организации и поединци. Во таа насока делуваа и личности од централната и локалната квислиншка власт, преку посети и јавни настапи на претседателот и на министри на атинската влада и локалните слуги на окупаторот. Тоа всушност беа дел од обидите за внесување недоверба и антагонизам спрема негрчкиот дел на населението во Егејска Македонија, како и за разбивање на единствениот антифашистички фронт на Грција кој сe повеќе се засилуваше. Така на пример, окружниот управител на Воден, кој за време на Метаксасовата диктатура беше претседател на Комисијата за безбедност, заедно со своите соработници и на новата функција продолжи со антимакедонска кампања и со прогонство на патриоти од македонска и други националности. Заробеник на големо- грчките идеи и поврзан со Гестапо тој водеше посебна политика спрема македонското население. Ништо подобри не беа функционерите на локалната квислиншка власт ни во другите места во Егејска Македонија.

Во тоа време на глад и немаштија во Грција, влошената економска состојба најтешко ги погоди работниците, особено оние кои по затворањето на фабриките останаа без работа, како и бедните селани особено од пасивните ридско-планински подрачја. Тоа е време кога грабежите на окупаторските војски стануваа се побезобѕирни, а народот се бореше за голиот живот.

No comments: