July 24, 2012

Александар Велики - Ис

Битката кај Ис

Додека Александар, бил во Киликија, Дариј испланирал нов напад за да ја разбие и да ја скрши македонската војска. Долгиот престој на Александар во Киликија, Дариј го сметал за кукавичлак, а толкувањата на гаталците за неговите сништа, уште повеќе го охрабрувале.

Дариј располагал со војска од 600 000 луѓе, а меѓу нив се наоѓал и некој Македонец по име Аминта. Знаејќи го начинот на војување на Македонците, тој го предупредил Дариј да не оди да го бара Александар затоа што Александар ќе дојде да го бара него. Дариј не го послушал и се симнал од рамнината во клисурите. Кога слушнал дека Дариј се наоѓа кај Ис, Александар тргнал по него, но се разминале, така што Александар се нашол на пространата рамнина, а Дариј долу во клисурите.

Во есента 333 година пне, Александар ја нападнал персиската војска на чело со Дариј. Големата персиска војска не можејќи да маневририра била немоќна. Александар кој се борел во првите редови бил ранет во бедрата. Тој не дозволил да биде опколен, туку со десното крило од својата армија, го опколил нивното лево крило и Персијците за кратко време биле поразени. Дариј уплашен за својот живот побегнал, оставувајќи го дури и своето семејство и богатството во рацете на Александар.

















Alexander the Great fighting the Persian king Darius III in the battle of Issus 333 BC. (Detail); mosaic from from the House of the Faun, Pompeii, Naples; Naples National Archaeological Museum.

Македонскиот крал добро се однесувал кон семејството на Дариј, а и кон сите, така што тие не само што не се чувствувале како заробеници, ами и нивните права пораснале.

No comments: