Јане и посебноста на Македонија 4

ЈАНЕ САНДАНСКИ И ПОСЕБНОСТА НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ 4

Ванчо ЃОРЃИЕВ

Весникот „Дневник“, пак, во статијата „Сандански и Грците“ пренесува интересни фрагменти од грчкиот весник „Кери“, во кој од грчки аспект се апострофирани повеќе ставови на Сандански (25). Во бројот од 1 август 1908 година, во „Кери“ меѓу другото стои: „...Сандански ... е носител на велика идеја, која треба да ни го привлече вниманието нам, на Грците. Toј секогаш се борел за слободата на Македонија, а никогаш не настојувал да работи за Сан-стефанскиот договор и за присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Едно - подруго обнародува прокламации, со кои ги исмева ... самите славјаногласни Македонци, кои се стремат за присоединувањето на македонските земји кон Бугарија ... Сега Сандански, кој нема никакви односи со луѓето во Софија ... се наоѓа во Солун, учи и држи проповеди за заемна дејност на Елините и славјаногласните Македонци. Како што вели, тој ја подава својата десница за соработка помеѓу Елините и славјаногласните за македонската татковина ... Македонскиот елинизам има потреба од време и спокојство, за да се развие, а за тие две нешта може да помогне Сандански, кој ќе ги помири Елините Македонци со славјаногласното македонско население. Тој може да помогне, како и да е, да се вратат тие под Вселенската патријаршија, откако ќе ја напуштат бугарската Егзархија, да го изучуваат елинскиот јазик и елинската книжевност, да се уништат бугарските училишта и да се отворат други, во кои ќе се изучува славјаногласниот македонски јазик заедно со елинскиот. Тие нешта не се мачни и лесно може да се убеди Сандански бидејќи се надеваме но неговите македонски погледи и неговото конечно оддалечување од бугарската борба“ (26)


Во тој контекст би го потенцирал и современиот грчки публицист Тасос Костопулос, кој во делото „Забранетиот јазик“, меѓу другото, пишува: „Народната федеративна партија на Сандански и Влахов барала одделување на словенските училишта од контрола на Егзархијата и нивно ставање под државна контрола, а паралелно се работело и за воведување на словеномакедонскиот како наставен јазик“ (27).

Антибугарските ставови на Сандански во време на Хуриетот ги потенцира и бугарскиот трговски агент во Солун - Атанас Шопов. Тој во разговорот со солунскиот валија подвлекол дека партијата на Сандански создава тешкотии на адреса на Бугарија и дека приврзаниците на Сандански го возбудувале населението против Бугарија и Егзархијата (28). Во разговорот со валијата, Шопов дури предложил Сандански и Т. Паница да се отстранат од политичката сцена, откако на двајцата ќе им се даде пензија од страна на Младотурскиот комитет (29). Шопов дури укажува дека при една евентуална војна помеѓу Турција и Бугарија, Сандански и Чернопеев ќе „умеат да го поведат македонското население против бугарските војски“ (30). Затоа воопшто не треба да изненадува кои биле мотивите и кој бил нарачателот на двата обида за ликвидација на Сандански во Солун. Евидентно, Сандански со своите ставови бил голема препрека за бугарската политика кон Македонија. Оттука бугарскиот прогон против него бил неминовен. Убиството на Сарафов и Гарванов послужило само како параван за официјализирање на прогонот. Подоцнежната амнестија на Сандански, прокламирана со „Закон за простување на македонските револуционери...“,(31) претставува само пародија.

JANE SANDANSKI AND THE PARTICULARITY OF MACEDONIA AND THE MACEDONIANS

(Summary)
Jane Sandanski joined the Macedonian Revolutionary Organisation (MRO) when it was already ideologically and organisationally defined. Independently of that fact, in a relatively short time, Sandanski distinguished himself as its authentic leader. Under his leadership the Pirin region was transformed into a firm barrier against Supremacist (vrhovisticki) adventures and Bulgarian aspirations towards Macedonia. Defending the principles of the MRO, Sandanski clashed with the Supremacists and the Bulgarian policy towards Macedonia. In addition, with immense energy he defended the principles, goals and the territory of the MRO and Macedonia. At the same time Sandanski defended and affirmed the political, national, cultural and spiritual particularity of Macedonia and the Macedonian people in general, particularly vis-il-vis Bulgaria. This conclusion comes from the evidence left by his ideological opponents, as well as from other independent sources of various provenance.

25 Д-р Владимир Бурилков; Македонил и Одринско... 145-146.
26 Истото.
27
28 Атанас Шопов, Дневник, дипломатически рапорти и писма, Софија. 1995,113.
29 Истото, 114.
30 Истото, 119.
31 Сборникт на дејстуваштите садбени закони в царството 1878- 1942, част II, 187. Единствениот член на овој закон гласи: „Се дава амнестија на македонските револуционери: Јане Сандански, Александар Бујнов, Чудомир Кантарџиев, Георги Скрижовски и Тодор Паница за сите прес- тапни дејства поврзани со нивната досегашна револуционерна дејност извршени од нив до 17 септември 1912 година во пределите на Бугарија и Европска Турција“.

No comments: