Македонска народна носија - Мавровско Поле
Wikipedia: Носијата од Мавровско Поле била носена во селата кои денес се наѓаат околу Мавровското Езеро кое во минатото било поле, а онаа од Горна Река во селата: Бродец, Кракорница, Богдево, Врбен, Трница, Волковија, Тануше, Нистрово и Бибај.
Во пределот Мавровско Поле и Горна Река женската носија по своите типски одлики се надоврзува на носијата од Горни Полог со карактеристичните две скутини - предна и задна. Опашувањето на две скутини врз платнената кошула е многу стар елемент во народната носија, чие потекло може да се поврзе со старословенската културна традиција.
Во носијата на жените двете скутини се со одредени регионални разлики, како по материјалот од кој се изработени, така и по начинот на обликувањето и украсувањето, а тоа повеќе е изразено кај задната скутина. Во Мавровско Поле таа е исткаена од темноцрвена волна и надиплена, додека во Горна Река задната скутина е иста како предната - волнена ткаенина, извезена и украсена со рески. Во овој предел се носи и црн опрегач заген, надиплен дуљчен за празници и раздуљчен за секој ден. Предната скутина опрегач преен, праштељка, паштерка, е од црвена волнена ткаенина, со извезени вегетабилни мотиви. Спецификата на извезени растителни мотиви на скутините е карактеристика само на овие предели.
Другите облеки од женската носија - долама, џамадан, се од клашнени или кадифени материјали со извонредно богата декорација од аплицирана срма.
Специфичност на носијата од овој регион е обувањето на нозете со три елементи на чорапи: калчини, чулки - чорапи без стопала, и тозлуци - ногавици од клашна - со срмени украси. Се облекуваат сите заедно и чинат едни ноги.

No comments:
Post a Comment