November 28, 2011

Саат Кула - Штип

Штипската Саат - кула, која всушност е Бегова кула е споменик на културата заштитен од државата.

Таа датира од 1650 година, има пушкарница и балкон, подоцна бил поставен и часовников механизам, а дел од неа бил урнат во 1934 година. Името на бегот којшто ја изградил кулата за заштита на своето семејство не е познато.

Легендата вели дека турскиот бег ја изградил поради љубовта кон убавата штипјанка Анка. Таа мислејќи дека нема да прифати, како услов за да се потурчи побарала од него да му подари на градот убава градска саат кула.

Фото: А.С. мај 2011, Штип, Република Македонија

No comments: