ПЕСНА ЗА ЛАЗАР ПОПТРАЈКОВ
Зашчо плачиш, зашчо жалваш,
ти високи Лисец?
Зашчо с м'гла се покриваш
од горе до долу?
Јас ќе плачам, јас ќе жалвам,
дур до век и веков.
Зашчо видов как заклаха
Лазо Папатрајков.
Отрезаа му главата
за пендесет лири.
Занесоа ја во Костур,
бакшиш на деспото.
Колко срамно, срамно ести
за грчкиот деспот.
Шчо го плате зверот Коте
да заколи Лазо.
Ај да кажим: Бог да прости
Лазо Папатрајков!
Првијо и најголемјо
костурски началник.
Бапчорки
June 5, 2011
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment