May 7, 2011

Тихо Мирка си заспала

ТИХО МИРКА СИ ЗАСПАЛА

(Песна за Мирка Гинова)

Тихо Мирка си заспала
во Почепските планини.
Во Почепските планини,
таму долу во ливади.

Насред ноќе пристигнале,
втора чета комисари.
Гласот Мирка им го слушна,
одма Мирка се разбуди.

Во зората пристигнале
клети шпиони фашистки.
Местото го заградија,
жива Мирка ја фатија.

Жива Мирка ја фатија,
во град Воден ја носија.
Тешко Мирка ја мачија,
жива во гроб ја ставија.

Бапчорки



Никола Ботсфарис

No comments: