March 27, 2011

Франческо Нити - цитати

Цитати за Македонија и македонското прашање од големиот италијански општественик Франческо Нити (Francesco Nitti)

"Македонското прашање се уште не е решено, но кое прашање е решено?

Во старите политички рамки, секое решение е невозможно. Секоја борба за влијание неминовно оведува до конфликти: секоја протекција на странска сила доведува до други протекции и до други сплетки, секое жртвување на угнетените народи, буди кај народите жестоки сништа.

Србите, Бугарите и Грците се караат околу Македонија: кому требаше да му припадне оваа кутра и намачена земја? Секое авторитарно решение е лошо: тоа дури и не е решение. Едноставната идеја е дека Македонија треба да си припаѓа на самата себе..." - Франческо Нити во одговорот до "Балканска федерација"

Франчско Нити (1868-1953) бил професор по економија во Портричи, професор по финансии во Неапол, пратеник во парламентот на Италија, а подоцна ги извршувал функциите Министер за финансии и Министер за надворешни работи на Италија. Автор е на бројни публикации и пријател на писателот Емил Зола.

No comments: