Прилепската плоча од 1002 г.

Оваа плоча е пронајдена во 1966 година во старата црква Св.Димитрија во селото Варош кај Прилеп, во делот на црквата изграден пред XIII век.

Плочата со двата текста.


Плочата е парче бел мермер кој содржи два текста. Првиот текст е од античко време и е напишан со грчки букви во кој се зборува за римскиот цар Марко Аврелиј од 138 година, додека вториот текст беше непознат, затоа што текстот не беше напишан на кирилица, латиница ниту на грчки јазик. Во самиот текст на неколку места се препознаваат кириличните букви З,Ц и ШТ, како и глаголичните букви А,К,П,Б,Р,ШТ,С,ЈАТ во облик на триаголник, и Х.

Во 1969 година академик Владимир Мошин оваа плоча му ја покажува на рускиот славист Андреј Степанович Љвов, и доаѓаат до заклучок дека можеби се работи за ерменско писмо. Па така во 1970 година Владимир Мошин снимките од плочата ги носи во Русија, каде биле препратени во Архивот за стари ерменски ракописи во Ереван, заради дешифрирање на текстот.

Резултатите биле познати во 1971 година кога О. Егањан го преведува целиот текст и го датира во 1002 година. Во самиот текст се зборува за доаѓањето на „тер“ Атанас = господин Атанасиј за да го обнови разурнатиот храм на Св. Апостол како ктитор или игумен на овој ерменски Манастир во Македонија.

Текстот од плочата.


Превод:

„ДА ЈА ВОЗВРАТИМЕ СЛАВАТА НА СВЕТА БОГОРОДИЦА (!) ВО ГОДИНАТА 651 ИЗГРАДЕН (?) ПРЕГРАДЕН (?) ОБНОВЕН (?) ДОМОТ НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ. И ВИЕ КОИ ЌЕ ПЕЕТЕ ВО ОВАА СВЕТА ИСПОДАЛНИЦА, ИЗМОЛЕТЕ КАЈ ХРИСТОС ОСЛООДУВАЊЕ НА СВЕШТЕНИКОТ – ТЕР АТАНАСИЈ ОД ГРЕВОВИТЕ. ВО ОВАА ПУСТИНА ГО ПОЧИТУВААТ НЕГОВИОТ СПОМЕН И НЕКА ГОСПОД СЕ СМИЛУВА НАД ВАС.АМИН!“

~ Преводот на плочата од О. Егањан

Овој епиграфки споменик е скапоцен затоа што е од времето на владеењето на македонскиот цар Самоил.

Изготвил: Андонов Благојче

Објавено со љубезна дозвола на авторот.

Извор: Владимир Мошин – „Прилепско – варошкиот таинствен напис на една античка плоча“

Објавено и на Македонска Нација

No comments: