Сторил ниет зајко

СТОРИЛ НИЕТ ЗАЈКО

Сторил ниет зајко, зајко да се жени,
зајко кокорајко, зајко сербезлија.
Си натресол гаќи, упрчил мустаќи,
нагрнал џамадан, капа пискулија,
море, личи на младожења.

Ми оженил зајко, лиса удовица,
тажна натажена, петлова комшика,
позната џимрија, маза размажана,
светска испосница, селска визитарка.

Ми поканил зајко, китени сватови,
мечка месарија, вучица кумица,
ежот тапанџија, жаба зурлаџика,
мурџо аберџија. Зајко кокорајко,
си натресол гаќи, упрчил мустаќи,
нагрнал џамадан, капа пискулија,
море, токмо младожења.

Па си тргнал зајко, низ Солунско поле,
там си сретнал зајко, до два-три ловџии,
ем они си носат пушки сачмајлии,
'рти ем загари.

Па ми летнал зајко, зајко да ми бега,
си искинал гаќи, размрсил мустаќи,
искинал џамадан, викнал се провикнал,
море, не сум младожења.

Александар Сариевски (ver. 1)



Александар Сариевски (ver. 2)



Сузана Спасовска

No comments: