Александар и безсмртната вода

ЦАР АЛЕКСАНДАР И БЕЗСМРТНАТА ВОДА

Цар Александ’р. Цар Александ’р сакаше да ходит да земит безсмртна вода. Но кој одеше никој не сe врашташе назад; зашто дури да стигнит некој до неа, требеше да п'туват три дни все во ношна темнина, во која љуѓето се заскитвеха, и не можеха да се вратат на бел ден. Цар Александ'р зеде со себе си кобили и ждребина. Во темнината врза кобила; и в растојање, што можит да се чует гласот, врза ждребе; потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до безсмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха. Тој со голема брзина нацрпи едно шише*), и пo гласовите от кобилите и ждребината, кои 'ржеха, нахожвеше п'тот, и така се врати на бел ден. Шишето остави на прозорецот за да се напиет утрината во недеља; и нар'ча на сестра му**), да вардит, да не некако истурит беземртната вода. Сестра му метештем не догледа, и скрши шишето. Цар Александ'р кога чу това, страшно се наљути; а сестра му избегвеештем љутината негова, се фрли во море и се престори делфин, кои, кога чует Александровото име, се криет в морските глобини.

*) Едни вељат че врза шишето на грлото од гол'б, кому опашката се скина от планините; а други
вељат че опашката от коњот му се скина.
**) Која се викала Роксандра

Според Зборникот на браќата Миладиновци

No comments: