August 3, 2010

Ај извикна Јана, провикна

ИЗВИКНА ЈАНА, ПРОВИКНА

Ај извикна Јана, провикна,
извикна Јана провикна,
од високите чардаци
од сребрените пармаци.

Oзгора идат војводи,
по нив ми одат комити.
На рамо маликерите,
на појас леворверите.

Ај на појас леворверите,
на појас леворверите.
На гради патрондашите,
на гради патрондашите.

Ај извикна Јана провикна,
извикна Јана провикна:
удрете браќа, удрете!
Удрете не се боите!

Ај удрете, не се боите!
Удрете не се боите!
овде не ми е Грција,
сега е в котел Турција,
овде се бијет момчиња,
момчиња Македончиња!

Ансамбл Билјана

No comments: