July 11, 2010

Nations and Nationalism since 1780

Ерик Хобсбам во однос на Грција и Македонија

Ерик Хобсбам во однос на Грција и Македонија.

Nations and Nationalism since 1780: Programme, Myth, Reality.

Концентрирајќи се главно на евроцентричниот национализам од 19 и 20 век, Eric J. Hobsbawm (Ерик Хобсбам), во своето дело Нации и национализам од 1780: програма, мит, реалност, се обидува да даде одговор на прашањето што е тоа нација и зошто токму овој збор очигледно изразува нешто важно во колективниот човечки ментален склоп, притоа потцртувајќи ја контраверзноста на поставувањето на националното прашање.

”Нациите” според Hobsbawm, не се стари колку и самата историја како што тврдат многубројни научници од оваа област, туку денешното сфаќање на овој термин не е постаро од 18 век. Во подоцнежните декади оваа мода на потенцирање на овој термин и негово разгледување ќе доведе до многубројни научни дела кои со своето влијание ќе го формулираат и формираат денешното восприемање на синтагмата „нација” и „национализам”. „Нацијата” односно „национализмот” секогаш е поврзувана со одредена географска површина или пак според критериумот за јазик или етничка припадност кои сами по себе се нејасни и повеќезначни. Но ваквото сместување на ,,нациите” во одделни групи и користењето на овие критериуми секогаш одат во прилог за градење на политички пропаганди и платформи. Иако „нација” и „национализам”секогаш се врзуваат за одредени територии, одредени нации за да изградат слика за својата припадност секогаш во своја корист како аргументи ги присвојуваат историските артефакти и пронајдоци за да се претстават како одделна нација.

Тоа најчесто се прави така што се користи аргументот дека културата која претходно постоела е наследена, за да се изгради сосема нова нација која сосема би ја избришала претходната. Според авторот она што прво се раѓа е национализмот со цел да се воспостави држава, а дури потоа се формира нацијата.

На овој начин во 19 век градењето на грчкиот национализам или грчката држава била инпирирана од филхелените кои се образувале надвор од Грција. Според Hobsbawm , најзначајните борци во Грчкото востание против Турците од времето на Бајрон, не биле Хелени туку Албанци – Сулиоти. Грци кои тогаш се бореле, воопшто и не зборувале старо-грчки „Грци кои тогаш се бореле, воопшто и не зборувале антички грчки колку што ни Италијанците зборувале латински.”

Целата античка култура која сега се Грците ја врзуваат за својата националност и својата држава воопшто не била препознавана од народите кои живееле на оваа територија.

„Во тој период Перикле, Еврипид, славните Спарта и Атина на Грците не им значеле ништо, а доколку биле и чуле воопшто за нив, тогаш тие не биле од никакво значење за нив.”

Инкорпорирањето на нереална историска рамка во своето национално постоење на Грција и други европски земји треба да им даде исправност т.е. оправданост за градењето на својот национализам и за себе изградување како нација.

„Што друго би можело да ги легитимизира монархиите на државите кои никогаш претходно не постоеле, како Грција.”

Бидејќи самиот термин за нација се однесува на група на луѓе која живее во граници на една држава, веќе критериумот за јазик во тој поглед се губи. Како пример за тоа авторот ја дава Франција која како нација ги впишува сите луѓе кои живеат во границите на нејзиното кралство, иако не го зборуваат јазикот на мнозинството кое живее таму. ,,Како што Французите ги негирале народите кои не зборувале Унгарски, меѓутоа биле должни во системот да се идентификуваат како Унгарци бидејќи живееле во границите на тоа кралство, така и Грците подоцна ги опишуваа жителите на деловите од Македонија кои тие (Грците) ги анексираа, како «Славофони Грци». Накратко, јазичниот монопол маскиран како не-јазична дефиниција на нацијата. ” Иако Грците се обидувале да ја остварат својата етничка кохезија преку дисторзирање на јазичниот критериум Македонците се разграничувале според религиозна припадност, историските рангирања од антиката и средниот век, како и етнографските аргументи за заеднички обичаи и традиции.

Сепак во средината на 20 век се уште постоеле националности кои немале свои држави како на пример Македонците и Каталонците. Hobsbawm, додава дека се до 20 век кога филолозите за старословенски јазик официјално декларираа дека македонскиот јазик е посебен словенски јазик, Грците останувајќи без својот главен аргумент компензираат со потенцирање на,,имагинарна етничност”, па самото ,,официјалното признавање (на Македонија) била недвосмислено саботирано од страна на Грција, која анексираше големи делови од Македонската територија во 1913. ”

Преземено од Братот

No comments: