December 23, 2008

Заплакало е Мариово

ЗАПЛАКАЛО Е МАРИОВО

Заплакало е Мариово, заплакало
за тој ми Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев:
-Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш, леле да дојдиш,
од душманите да нè куртулиш?
Каде си Ѓорѓи сега да дојдиш, леле да дојдиш,
од душманите да нè куртулиш?

Тогај извикна Ѓорѓи Сугарев, провикна
од Демирхисарските балкани:
-Еве сум народ, народ поробен, леле измачен,
сега за скоро јас ќе дојдам.
Сега за скоро јас ќе дојдам, леле ќе дојдам
со триесет одбор млади момчина.

Кога ми тргна Ѓорѓи да врви, леле да врви
зад това село Паралово.
Бог да ги бие шпионите, параловци,
Ѓорѓија што ми го предадоја.
Бог да ги бие шпионите, параловци,
Ѓорѓија што ми го предадоја.

Слушај бре Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев, послушај
ако да сакаш ти да куртулиш
накачи горе кај чукарите, кај манастирот,
ако да сакаш ти да откинеш.
Накачи горе кај чукарите, кај манастирот,
ако да сакаш ти да куртулиш.

Тогаш се Ѓорѓи, Ѓорѓи излага, се прелага,
накачи горе кај чукарите.
Кога ќе види, што ќе види, Ѓорѓи Сугарев,
од сите страни Ѓорѓи сардисан.
Кога ќе види, што ќе види, Ѓорѓи Сугарев,
од сите страни Ѓорѓи сардисан.

Тогај извикна Ѓорѓи Сугарев, провикна,
на неговата верна дружина:
-Клавајте гуните пусии, леле пусии,
зошто се камен тешко најдува.
Клавајте гуните пусии, леле пусии,
зошто се камен тешко најдува.

Згрмеја пушки, пушки аскерски, крвави,
сета дружина му ја избија.
Тогај извади наган леворвер, Ѓорѓи Сугарев,
самиот крвта си ја пролеа.
Самиот крвта си ја пролеа Ѓорѓи Сугарев,
жив на душмани не се предаде.

Васка Илиева



Петранка Костадинова

No comments: