March 3, 2010

Едно име имаме

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци,
покрај Вардар Македонци
и по Пирин Македонци,
славно име, непокорно.

Едно име имаме
во душата го носиме,
за тебе живот даваме
о, Македонијо! x2

Како килим полиња,
а до небо планини,
реките златоносни,
а езера бисерни.

Едно име имаме
во душата го носиме,
за тебе живот даваме
о, Македонијо! x2

Мајко Македонијо
балканска убавице,
кој се родил во тебе
и животот дава за тебе.

Едно име имаме
во душата го носиме,
за тебе живот даваме
о, Македонијо! x2

Јонче Христовски

No comments: